Добре дојде драг читателу!

За љубителите на книги, книгата е магија. Прозорец кон некој нов свет, свет далеку од овој во којшто живееме. Свет со некои други ликови, други животи. Со читање на нова книга, запознаваме нови светови, нови ликови, стануваме сè побогати. Велат дека книгите се богатство. И во право се. Книгата е клуч за ослободување на душата на човекот, за хранење на неговата фантазија и соништа.

Како голем љубител на книги, решив да го отворам овој блог кој ќе биде посветен исклучиво на светот на книгите и книжевноста. Секој љубител на книги знае дека шолја кафе или топол чај одлично одат со добра книга, па оттаму и името на овој блог.

Ова е едно скромно катче, каде ќе се пишува за книгите, каде ќе се зборува за нови книги, стари книги, класици, бестселери. Место каде ќе има препораки за книги, каде ќе се слави пишаниот збор и книжевноста.

Толку прекрасни мисли и волшебни зборови се напишани на илјадници страници, тука само ќе се обидам да доловам дел од нив. Информации, новости, интересни колумни, сè што е поврзано со книгата.

Јас ќе уживам, а се надевам секој ќе си најде она што му е по мерак.

Пријатно читање!

10361255_10152713769978379_2587482067057523668_n

Leave a comment