На денешен ден…

На денешен ден, 6 март 1927 година, роден е Габриел Гарсија Маркес, еден од најпопуларните и највлијателните автори во 20-тиот век.

Тој е еден од најпознатите колумбиски писатели, новинар и писател на кратки раскази. Во 1982 година ја добива Нобеловата награда за литература.

Маркес студирал на Универзитетот во Богота, а подоцна работел за колумбискиот весник „El Espectador“, како репортер и како надворешен дописник од Рим, Париз, Каракас, Барселона и Њујорк. Има напишано многу стории и кратки раскази, но најпознат е по своите книги како „100 години самотија“ (1967) и „Љубов во време на колера“ (1985).

Неговите дела добиваат огромна поддршка и пофалби од критичарите, но и голем комерцијален успех ширум светот, истовремено популаризирајќи го литературниот правец наречен магичен реализам, кој употребува магични настани и елементи за да долови и објасни вистински животни искуства. Многу честа тема во неговите дела е осаменоста и љубовта.

Маркез почина на 17 април 2014 година.

Во продолжение следува кратко видео во кое Маркес дава мал приказ за себеси, за неговиот живот и неговите искуства.

~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

И за крај, ве оставам со еден прекрасен цитат од Габриел Гарсија Маркес.

11038739_10153100683312389_3838398869897142463_n

One comment

Leave a comment