Инфографик: Зошто и колку често луѓето не ги дочитуваат книгите?

Доколку сте љубители на книги, нема шанси да сте ја промашиле веб-страницата Goodreads, кој е посветена на книгите и книжевноста. Убедливо највлијателната и најпопуларната страница за оценување, критикување, дискутирање, промовирање и откривање нови книги. Многу често тие прават анкети и истражувања на нивната страница која има милиони корисници.

Овојпат налетав на еден интересен иконографик за психологијата на откажувањето од започнатите книги и најчестите причини поради кои луѓето се откажуваат од некоја книга.

~ Според Goodreads, петте книги кои најчесто се појавуваат меѓу корисниците како недочитани, незавршени или оставени се:

1. „50 нијанси на сиво“ – Е. Л. Џејмс 
2. „Лежерно отсуство“ – Џ.К Роулинг
3. „Јади, моли се, вљуби се“ – Елизабет Гилберт
4. „Девојката со тетоважа на змеј“ – Стиг Ларсон
5. „Злоба: Животот и времињата на Злобната вештерка од Западот“ – Грегори Мегваер

~~~~~~~~~~~~~~~~

~ Во понатамошното истражување, врз основа на гласање на листата од „најчесто започнати, но недовршени книги“, луѓето од Goodreads објавија листа од пет класици кои луѓето најчесто не ги дочитуваат:

1. „Финта 22“ – Џозеф Келер 
2. „Господар на прстените“ – Џ.Р.Р Толкин 
3. „Улис“ – Џејмс Џојс 
4. „Моби Дик“ – Херман Мелвил
5. „Рамнодушниот Атлас“ – Ејн Ранд 

~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

~ На прашањето: „Што е она што најмногу ве тера да се откажете од некоја книга?“, испитаниците најчесто ги давале следните одговори:

~ Книгата е спора, бавна (46.4%)
~ Лош е стилот на пишување (18.8%)
~ Многу е глупава книгата (8.8%)
~ Смешен или непостоечки заплет (8.5%)
~ Не ми се допаѓа главниот лик (4.9%)
~ Несоодветна е книгата, прави да се чувствувам непријатно (3.8%)
~ Кога авторот е посветен да направи нешто што не ми се допаѓа (3.2%)
~ Лошо уредување и лекторирање (2.7%)
~ Комбинација од сите горенаведени причини (2.5%)
~ Неморална книга (0.5%)

~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

~ На прашањето: „Што ве поттикнува да продолжите да читате некоја книга?“, испитаниците ги дале следните одговори:

~ Како правило, сакам да ги завршувам работите (36.6%)
~ Морам да знам што ќе се случи (25.2%)
~ Компулсивна навика (13.4%)
~ Се враќам на книгата во попогоден момент (9.3%)
~ Исто како со филмовите: морам да догледам до крај, без оглед на тоа колку лоши може да бидат (7.4%)
~ Судам за книга по нејзиниот крај (3.2%)
~ Затоа што сум посветен(а) на серијалот (2.6%)
~ Обично сум пријатно изненадена што авторот/авторката успева да се поправи на крајот од книгата (2.3%)

~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

~ И за крај, на прашањето: „Во кој момент решавате да ја оставите/прекинете книгата?“, корисниците на Goodreads одговориле:

~ Секогаш ги дочитувам до крај, без оглед на се (38.1%)
~ 50-100 страници ми се доволни да проценам дали ќе продолжам (27.9%)
~ Помалку од 50 страници се доволни да проценам (15.8%)
~ Секогаш читам 100+ страници (10.6%)
~ Читам барем 100 страници (7.6%)

~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

Во продолжение погледнете го целосниот иконографик од Goodreads, пропратен и со коментари од читателите во облачиња. 🙂

Leave a comment