Брус Спрингстин е еден од најлегендарните американски музичари, кој се смета за една најголемите икони во музиката. Брус е познат по тоа што често обработува општествени прашања во своите песни и некои го викаат и „херој на работничката класа“.
Познат по хитовите „Born to run”, „Born in the USA”, „The River”, „Streets of Philadelphia” и уште безброј други евергрини, Брус Спрингстин во едно свое интервју за The New York Times зборуваше за книжевноста, неговата љубов кон книгите и за оние книги што го инспирирале и влијаеле на него како личност, на неговите размислувања, но и на неговата музика.

Брус Спрингстин во 2014 година и самиот објави илустрирана книга „Outlaw Pete.“
Интересно е што споменува сосема различни типови на книги, од детски до поезија и филозофија.
Како еден од моите омилени музичари, човек чие творештво неизмерно го почитувам, решив денешната објава да му ја посветам токму нему и неговите омилени книги, книгите кои влијаеле и го обликувале да биде она што е.
- „Моби Дик“ – Херман Мелвил
- „Како да живееме“ – Сара Бејквел
- „Осамените срца на космосот: Приказната за научната потрага по тајната на Универзумот“ – Денис Овербај
- „Љубов во време на колера“ – Габриел Гарсија Маркес
- „Ана Каренина“ – Лав Толстој
- „Листови на тревата“ – Волт Вајтман
- „Мудроста на Западот“ – Бертранд Расел
- „Проучени животи“ – Џим Милер
- „Американска пасторала“ – Филип Рот
- „Се оженив за комунист“ – Филип Рот
- „Крвав меридијан“ – Кормак МекКарти
- „Патот“ – Кормак МекКарти
- „Спортскиот новинар“ – Ричард Форд
- „The Lay of the Land“ – Ричард Форд
- „Денот на независноста“ – Ричард Форд
- „Тешко ќе најдеш добар човек“ – Фланери О’Конор
- „Мистериозниот воз: Приказ на Америка во рокенролот“ – Грели Маркус
- „Последниот воз за Мемфис: Издигнувањето на Елвис Присли“ – Питер Гуралник
- „Хрониките“ – Боб Дилан
- „Соната за џубоксот“ – Џефри О’Брајан
- „Копање низ душата: Музички живот“ – Даниел Ланоис
- „Премногу големи за неуспех“ – Ендру Рос Соркин
- „Некое место како Америка: Приказни од Новата голема депресија“ – Дејл Махариџ
- „Големото кратко“ – Мајкл Луис
- „Браќата Карамазови“ – Фјодор Достоевски
- „Избрани раскази“ – Антон Чехов
- „Авантурите на Оги Марч“ – Сал Белоу
- „Прекрасниот волшебник од Оз“ – Л. Френк Баум
