Предлог – листа за читање: Книги кои добиле Пулицерова награда (2)

Како што наговестив претходната недела, секоја недела ќе објавувам по 5 книги добитнички на Пулицерова награда за белетристика, како предлог – листа од која би можеле да се инспирирате.

Листата од претходната недела можете да ја најдете тука.

Оваа недела, изборот падна на следниве пет книги:

1. „Сега во ноември“ – Џозефин Винслоу Џонсон

~ „На крајот на краиштата, што е здравиот разум, ако не контрола на лудилото?“ ~

Добитник на Пулицеровата награда во 1935 година, оваа книга е прекрасна приказна за урбано семејство од средната класа кое поради Големата депресија и големите суши кои ги зафатиле 30-тите години на 20 век, губат сѐ што имаат и стануваат сиромашни фармери. Книгата се движи низ дејствo од една година, а истовремено покрива временски период од десет години; од пролетта кога семејството пристигнува на нивната фарма која е под хипотека, до зимата десет години подоцна кога разорувањата на сушата, пожарите и личните страдања водат кон смртта на двајца членови од семјеството.

Релативно кратката, интензивна приказна навлегува во мачењето и страдањето кое може да се јави кај луѓето кои се изолирани и кои се водени од многу силни чувства како љубов и омраза и кои ако не се искажани можат да водат кон пропаст. Во времето кога е издадена, критичарите ја обожавале оваа книга, давајќи коментари како „длабоко потресна музика“ и „зрел стил на пишување и зрело размислување“, како и дека оваа книга „го има реткиот квалитет на безвременост кој е показател за книга од прва класа.“

2. Сите луѓе на кралот“ – Роберт Пен Ворен

19_19_0_14__10__4_2017screen20shot202017-04-1020at2013-58-39

~ „Крајот на човекот е знаењето, но постои една работа која тој не може да ја знае. Тој не може да знае дали знаењето ќе го спаси или ќе го убие. Тој ќе биде убиен, секако, но тој не може да знае дали ќе биде убиен заради знаењето кое го има или знаењето кое го нема, а доколку го имал би го спасило.“ ~

Многу повеќе од само обична политичка книга, приказната на Ворен за моќта и корупцијата на југот на Америка за време на Големата депресија е прекрасна, издржана анализа на непредвидените последици за секоја постапка на човекот, немирната поврзаност на сите луѓе помеѓу себе и можноста – иако не голема – за добрина во свет полн со гревови.

Вили Старк, фиктивната верзија на Ворен за Хју Лонг, гувернер и главен човек во Луизијана, кој започнува како искрен претставник на луѓето и завршува како популистички демагог и убиец. Џек Бурден е неговиот агент за медиуми, кој ги извршува наредбите на неговиот шеф, најпрвин без приговори, а потоа се соочува со сопствената грижа на совест. А политиката? За Ворен, тоа е едноставно ринг каде најголема е можноста човекот да докаже дека е пропаднато суштество. А тоа и е. Книгата ја добила Пулицеровата награда во 1947 година.

3. Бојата на пурпурот – Алис Вокер

~ „Мислам дека Бог многу се нервира ако поминеш покрај пурпурната боја некаде во некое поле и не ја забележиш.“ ~

Приказната во поголемиот дел се одвива во рурална Џорџија и се фокусира на животот на една Афроамериканка во јужниот дел од САД во 30-тите години на 20 век. Нејзиниот татко ја злоуотребува и силува на 14 години, а таа се обидува да ја заштити и нејзината сестра од истата судбина. Подоцна таа е во брак со „Господинот“ – брутален и суров маж кој ја тероризира. Оваа книга кренала многу прашина посебно заради експлицитната содржина и насилството во неа. Книгата ја добила Пулицерова награда во 1983 година.

4. „Среден пол“ – Џефри Еугенидес

32_28_36_9__29__3_2016sreden20pol

~ „Биологијата ти дава мозок. Животот го претвора во ум.“ ~

Оваа книга со контроверзна содржина ја доби Пулицеровата награда во 2003 година. Приказната нѐ носи во пролетта во 1974 година, кога Калиопи Стефанидис, ученичка во училиште за девојки во Грос Поинт почнува да ја привлекува соученичка со талент за глума. Страста која се развива меѓу нив, заедно со неможноста Кали да се развива физички, ја тера Кали да се сомнева дека таа не е како другите девојки. Всушност, таа воопшто и не е девојка.

Објаснувањето за овој шокирачки сплет на околности е всушност ретка генетска мутација и тајна која ги следела дедото и бабата на Кали уште од Отоманската империја, сѐ до ерата на Прохибицијата во Детроит и понатаму, надминувајќи ги деновите на градот на моторите, протестите против расизмот во 1967 година и втората миграција на фамилијата во странската земја позната како предградие. Благодарејќи на генот, Кали е пола девојка, пола момче. Иако патувањето на гените е завршено, одисејата на Кали само што започнува. Книгата опфаќа осум декади и една чудна адолесценција.

5. „Патот“ – Кормак Макарти

872_2_40_9__29__3_2016d0bfd0b0d182d0bed18220d0bcd0b0d0bad0b0d180d182d0b8

~ „Го забораваш тоа што сакаш да го запаметиш и го паметиш она што сакаш да го заборавиш.“ ~

Последната книга од предлог-листата на книги кои добиле Пулицерова награда за белетристика е книгата „Патот“ на Кормак Макарти, книга која ја доби наградата во 2007 година. Приказната се врти околу татко и син кои патуваат сами низ запалената и изгорена Америка. Ништо не се движи низ уништениот пејсаж освен пепелот во воздухот.

Доволно е ладно да пукнат камењата, а кога паѓа снег, тој е сив. Небото е темно. Нивната дестинација е брегот, иако тие не знаат што ги чека кога ќе пристигнат таму. Тие немаат ништо, само пиштол за да ги штити од бандите кои ги демнеат патиштата, алиштата кои ги носат, кошничката со храна која ја наоѓале по пат и се имаат само еден со друг.

~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

Ова е изборот на петте предлог книги за читање од редот на добитници на Пулицерова награда за белетристика. Се надевам дека некоја од нив ќе биде вашиот избор за читање. 🙂

12 comments

Leave a comment