Книгите многу често знаат да нè префрлат во друга димензија, друго време, друга држава. Кога ги читаме, исто како да патуваме некаде или пак со временска машина се враќаме во друга ера. Но, многу често писателите буквално создаваат нов свет, свет кој не постои никаде освен во нивната (а потоа и во нашата) имагинација.
Затоа книгите се она што се. Затоа и толку ги сакаме. Затоа што може да те пренесат и во свет кој и воопшто не постои во реалниот живот. Има многу книги од областа на фантазијата и научната фантастика кои веќе имаат статус на култни книги и класици.
Овaa објава решив да ја посветам на неколку интересни мапи од неколку измислени места кои постојат само во книгите. Благодарејќи на талентирани уметници и картографи кои ја споделуваат својата уметност на интернет, пред вас ќе видите избор од прекрасни и магични места. Овие мапи ќе ви помогнат уште подобро да си ги замислите местата во глава!
Без многу одложување, погледнете ги мапите…
1. Хогвартс (од серијалот „Хари Потер“)

2. Средна земја (од „Господар на прстените“)

3. Нарнија

4. Светот на „Игра на тронови“

5. Лилипут (од „Гуливеровите патувања“)

6. Бробдингнаг (од „Гуливеровите патувања“, земјата на џиновите)

7. Оз (од „Волшебникот од Оз“)

8. Earthsea (од „Волшебникот од Earthsea”)

9. Округот Yoknapatawpha (местото се појавува во повеќе дела на Вилијам Фокнер)

10. Bas-Lag (местото кое се појавува во повеќе книги на China Mieville, познат писател на научнофантастични романи)

