Најдобрите книги имаат моќ да допрат до срцата на жителите од сите краеви на светот, без разлика на културолошките, историските разлики и географска раздалеченост. На тој начин, преведувањето на книгите и на други јазици овозможува читателите од другите држави на светот да се запознаат и со други култури и да ги прошират своите хоризонти.
Налетав на еден интересен иконографик поврзан со тоа кои книги се најпреведени, па затоа решив денешниот пост да го посветам на оваа тема.
Првите 5 книги ќе ги наведам со подетално образложување и содржина, а подоле ќе го прикачам и иконографикот со 50-те најпреведени книги.
1. „Малиот принц“ – Антоан де Сент Егзипери
Издадена: 1943 година
Оригинален јазик: француски
Преводи: 253

Една од книгите со безвременски шарм, на кој читателот постојано се навраќа. Многу често може да сретнете препораки од професори по книжевност дека оваа книга треба да се прочита еднаш во детството, еднаш во младост и еднаш во позрелите години.
Приказна за момчето која ја напушта безбедноста на својата малечка планета за да патува низ универзумот и меѓу останатите планети, ја посетува и планетата Земја. Тоа се соочува со светот со возрасните и учи за нивното однесување и карактер.
2. „Пинокио“ – Карло Колоди
Издадена: 1881 година (за прв пат се појавува во едно списание за деца)
Оригинален јазик: италијански
Преводи: 240

Зарем постои некој кој не ја знае легендарната приказна за мајсторот Ѓепето кој прави кукла од дрво која оживува?
Оваа безвременска приказна за деца е приказната за малиот Пинокио кој повеќе од сè сака да стане вистинско момче. Тој е многу немирен и постојано прави палавштини, спротивно на советите на неговата совест: Штурецот.
И секогаш кога лаже, на Пинокио му расте носот. Авантурите на Пинокио додека стане вистинско момче се полни со возбуда и страв и се инспирација за голем број драми, театарски претстави, дури и Дизни ја екранизираше оваа приказна во анимиран филм.
3. „Прогресот на aџијата“ – Џон Бунјан
Издадена: 1678 година
Оригинален јазик: англиски
Преводи: 200

Оваа книга за смета за една од најзначајните во англиската религиозна книжевноста. Приказната за Кристијан и неговите патувачки авантури го водат низ многу премини, места и воедно по патот се соочува со многу авантури, но и опасности. Придружуван од неговите лојални придружници Верен и Надежен, тој се соочува со многу непријатели пред конечно да пристигне до неговата последна дестинација.
4. „Алиса во Земјата на чудата“ – Луис Карол
Година на издавање: 1865
Оригинален јазик: англиски
Преводи: 174

Приказната на Алиса која следејќи го зајакот, влегува во зајачка дупка и одеднаш се наоѓа во Земјата на чудата, каде и претстојат многу авантури, нови познанства, но и опасности.
Приказната за Алиса денес е предмет на огромен број театарски престави, анимирани долгометражни филмови, а во 2012 година излезе и филмот на Тим Бартон во кој главните улоги ги имаа Џони Деп и Хелена Бонам Картер.
5. „Бајките на Андерсен“ – Ханс Христијан Андерсен
Година на издавање: Дел од бајките издава во 1835, а дополнителните бајки ги издава во 1837
Оригинален јазик: дански
Преводи: 159

Речиси нема дете кое нема пораснато со бајките на Ханс Кристијан Андерсен. Зарем некој не се сеќава на „Грдото пајче“, „Новата облека на кралот“, „Принцезата и грашокот“, „Малечката сирена“ и останатите негови бајки?
Задолжителен дел од сечие детство се овие бајки, а поголемиот дел од нив се и овековечени со свои анимирани филмови или краткометражни цртани филмови. Заради популарноста на бајките, Андерсен и неговите бајки се меѓу најпреведуваните во светот.
~~~
Ова се првите 5 најпреведувани книги во светот, а во продолжение погледнете го интересниот иконографик и видете ја комплетната листа од 50 најпреведувани книги.


[…] Моја забелешка: “Малиот принц“ е преведена на 253 јазици, пред некое време на Кафе и книги имавте можност да погледнете инфографик со најпреведу…. […]
LikeLike