Денешниот цитат на денот е поема од Емили Дикинсон, една од најпознатите американски поетеси, позната по својата ексцентричност, интровертност. Целиот живот го поминала во домот на нејзините родители, многу малку излегувала од дома, а во последните години, воопшто не ја напуштала собата.
Од речиси 1800 поеми, таа издала сосема мал дел додека била жива, околу 12-тина поеми. Се останато било издадено постхумно. Таа своите поеми ги остава на својата сестра, велејќи дека сака да бидат запалени, но нејзината сестра сепак не ја следи нејзината желба и наоѓа начин да бидат издадени. Иако се претпоставува дека голем дел од поемите имаат претрпено сериозни промени. Како и да е, творештото на Емили Дикинсон е богатство за светот на поезијата и литературата.

