Како и секоја недела, продолжуваме со предлог-листите за читање од книгите кои добиле Пулицерова награда.
По првиот, вториот и третиот дел, оваа недела погледнете на кои книги падна мојот избор.
1. „Добрата земја“ – Прл С. Бак
~ „Пет години не се ништо во животот на еден човек, освен кога тој е млад или стар…“ ~
Добитникот на Пулицеровата награда во 1932 година, „Добрата земја“ е приказна за стар кинески фармер и неговата фамилија во рурална Кина. Скромниот Ванг Лунг ја обожава земјата на која работи грижејќи се за неа исто како што се грижи за своето семејство и за себе. Во близина, семејството Хванг мисли дека е над земјата и нејзините работници, но наскоро ќе го доживеат својот пад и пропаст.
Тешки времиња доаѓаат за Ванг Лунг и неговата фамилија кога заради природни непогоди се приморани да бараат работа во градот. Работниците протестираат, упаѓајќи во домовите на богатите и ги тераат да си одат. Кога Ванг Лунг покажува милост кон еден благородник и е награден за тоа, животот почнува да му се менува на подобро, за разлика од семејството Хванг.
2. „Смрт во фамилијата“ – Џејмс Аџи

~ „Колку далеку стигнавме сите. Колку далеку стигнавме од себеси. За сега, не можеш да се вратиш дома никогаш. Можеш да одиш дома, добро е да се отиде дома, но никогаш повторно во животот вистински нема да можеш сосема да влезеш дома. И за што е сето тоа? ~
Добитникот на Пулицеровата награда во 1958 година, е прекрасно ремек дело, книга со автобиографски елементи која ги содржи еден од најпрекрасните и најемотивните описи на загуба и тага некогаш напишани. Книгата која е објавена две години по смртта на авторот, нè воведува во приказната на Џеј Фолет кој брза да се врати назад во својот дом во Тенеси и загинува во сообраќајна несреќа – трагедија која не само што уништува еден живот, туку и семејната среќа на едно младо семејство.
Книга која содржи многу храброст, прекрасна сила во стилот на пишување и моќни емоции и се смета за едно од ремек-делата во американската книжевност.
3. „Признанијата на Нет Тарнер“ – Вилијам Стајрон

~ „Фактот дека го избрав Денот на независноста како момент за напад, се разбира дека беше намерна иронија.“ ~
Летото 1831 година, во еден дел од југоисточна Вирџинија се случил единствениот ефективен, содржаен револт во историјата на афро-американските робови. Револтот бил воден од Нет Тарнер, исклучителен и образован роб кој чувствувал дека мора направи нешто и да дигне побуна против тоа што го прават белите луѓе.
Нарацијата во „Признанијата на Нет Тарнер“ е во прво лице и ја врши токму Нет, додека лежи во затвор во ладните есенски денови пред неговата егзекуција. Оваа приказна го опфаќа целиот живот на Нет, доаѓајќи до највисоката и неизбежна точка во тој крвав ден во август.
Оваа книга не е само прекрасно раскажувачко дело, оваа книга исто така под непростливи човечки услови ја опишува агонијата на ропството. Преку умот на еден роб, Вилијам Стајрон прави реконструкција на еден катастрофален настан и ги драматизира мизериите, фрустрациите и надежите кои придонеле овој исклучелен човек да застане и да се бори против луѓето кои го чувале неговиот народ во ропство.
Книгата ја добива Пулицеровата награда во 1968 година.
4. „Осамениот гулаб“ – Лери МекКурти

~ „Не зборувам за умирање, зборувам за живеење. Се сомневам дека е важно каде ќе умреш, но многу е важно каде ќе живееш.“ ~
Оваа книга, добитник на Пулицеровата награда во 1986 година, е дел од тетралогијата на Лери МекКурти и е една од најдобрите книги напишани за да се опише последната непокорлива дивина на Америка.
Едно патување во прашливиот малечок град во Тексас, Осамениот гулаб и ќе ги сретнете сите незаборавни херои и отпадници, курви и дами, Индијанци и дојденци. Богато автентична, прекрасно напишана, секогаш драматична, оваа книга ќе направи да се смеете, плачете, сонувате и сигурно ќе ја запаметите.
5. „Империјата паѓа“ – Ричард Русо

~ „И доаѓа момент во твојот живот кога сфаќаш дека ако не ја зграпчиш можноста да бидеш среќен, можеби никогаш повторно нема да добиеш друга шанса.“ ~
Добитникот на Пулицер во 2002 година, ни ја опишува приказната на Мајлс Роби кој прави бургери во Empire Grill речиси 20 години, работа која го чинела неговото образование и неговата самопочит. Што го тера да остане таму?
Можеби неговата паметна, но емотивна ќерка Тик, на која ѝ е потребна помош да го преживее локалното средно училиште. Или можеби се работи за Џенин, жената со која наскоро ќе се разведе и која почнала да се гледа со суетен сопственик на здружение за здравје. Додуша, можеби во прашање е Френсин Вајтинг која е сопственик на сè во градот и изгледа мисли дека тоа „сè“ се однесува и на Мајлс. Оваа книга дава длабок приказ на работа, односите на луѓето и воедно носи со себе смеа, тага и гордост.

[…] Пулицерова награда. По првиот, вториот, третиот и четвртиот дел, денес ви го презетирам петтиот […]
LikeLike
[…] предлози, тоа може да го направите, тука, тука, тука, тука и […]
LikeLike
[…] Пулицерова награда. По првиот, вториот, третиот и четвртиот дел, денес ви го презентирам петтиот […]
LikeLike
[…] можете да го направите тоа тука, тука, тука, тука, тука и […]
LikeLike
[…] можете да го направите тоа тука, тука, тука, тука, тука и […]
LikeLike
[…] предлози можете да ги прочитате тука, тука, тука, тука, тука, тука и […]
LikeLike
[…] се потсетите и на претходните делови (тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука) доколку ви се потребни и други […]
LikeLike
[…] изданија можете да ги прочитате тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, […]
LikeLike
[…] Претходните изданија погледнете ги тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука и […]
LikeLike
[…] Претходните изданија погледнете ги: тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, тука, […]
LikeLike