Џорџ Р. Р. Мартин објави поглавје од неговата нова книга!

Џорџ Р.Р Мартин е еден од најпопуларните писатели на денешницата, благодарејќи на неговиот серијал книги „Песна за мразот и оганот“ според која е снимена популарната серија „Игра на тронови“ која наскоро ќе ја доживее премиерата на петтата сезона.

Имено, во подготовка е шестата книга од серијалот, насловена како „Зимски ветрови“ (Winds of winter). Како мал подарок за своите обожаватели, на својата веб-страница тој објави едно поглавје од книгата. Секако, тоа само ги подгрева надежите и ја зголемува нетрпеливоста на обожавателите на книгите, но и на серијата.

Сите оние кои се заинтересирани да ѕирнат малку во долгоочекуваната книга, можат да го направат тоа тука.

Leave a comment