Омилените книги на Габриел Гарсија Маркес!

Минатиот месец имав објава посветена на Маркес, по повод датумот на неговото раѓање. Овојпат нема да должам многу во опишување на неговата кариера, можете да прочитате повеќе во линкот погоре. Се решив да ја посветам оваа објава на омилените книги на Габриел Гарсија Маркес, кој е еден од најсаканите автори во поновите времиња. Омилените книги, многу кажуваат за нас и за нашиот карактер, па така интересно е да се погледне листата на омилените книги на Маркес, да се добие малку преглед на она што му влијаело и му помогнало да се обликува како личност.

Во автобиографијата на Маркес, „Живеам за да ја раскажам приказната“, меѓу останатите приказни и неговите почетоци како писател, тој зборува и за книгите шго влијаеле врз неговото пишување и кои му го обликувале умот.

Погледнете ја листата:

1Волшебниот рид“ – Томан Ман

2. „Човекот со железната маска“ – Александар Дима

3. „Улис“ – Џејмс Џојс

За оваа книга, Маркес има напишано:

„Хорхе Алваро Еспиноса, студент по право, кој ме научи како да ја читам Бибилијата и да ги научам напамет сите имиња, еден ден дојде кај мене и на мојата маса стави еден прекрасен том и свечено изјави со неговиот бискупски авторитет:

„Ова е другата Библија“.

Секако, се работеше за „Улис“ на Џејмс Џојс, книга која ја читав на делови и постојано ја почнував одново, сè додека сосема не го изгубив трпението. Воопшто не ми се допаѓаше. Години подоцна, кога веќе бев постар, решив да ја прочитам на сериозен начин и тогаш не само што открив дека постои еден вистински свет за кој никогаш не претпоставував дека постои во мене, туку и ми даде непроценлива помош за да го ослободам јазикот и да создавам време и структура во моите книги“.

4. „Врева и бес“ – Вилијам Фокнер 

5. „Додека умирав лежејќи“ – Вилијам Фокнер 

6. „Диви палми“ – Вилијам Фокнер

7. „Цар Едип“ – Софокле

8. „Куќата на седумте генерации Гејблс“ – Натаниел Хоторн

9. „Колибата на чичо Том“ – Хариет Бичер Стоу

10. „Моби Дик“ – Херман Мелвил

11. „Синови и љубовници“ – Д. Х. Лоренс 

12. „Арапски ноќи (1001 ноќ)“

13. „Преобразба“ – Франц Кафка

Што се однесува до оваа брилијантна книга од Кафка, Маркес има напишано:

„Никогаш повторно не спиев со мојот претходен мир. Оваа книга определи нов правец во мојот живот уште со првата реченица, која денес е една од најпрекрасните реченици кои постојат во светската литература: „Едно утро, кога Грегор Самса се разбуди од лош сон, се виде себеси трансформиран во неговиот кревет како огромна бубачка.“

Јас сфатив дека не беше потребно да се покажуваат факти, доволно беше авторот да има напишано нешто за тоа да биде вистина, без ниту еден доказ освен својот талент и авторитетот на неговиот глас. Беше исто како со Шехерезада, со тоа што ова не беше нејзиниот свет каде сè е возможно, туку друг непоправлив свет каде сè е веќе изгубено. Кога ја завршив „Преобразба“, почувствував неодолива желба да живеам во тој вонземјански рај.“

14. „Алеф и други приказни“ – Хорхе Луси Борхес 

15. „Собрани приказни“ – Ернест Хемингвеј

16. „Точка против точка“ – Олдос Хаксли 

17. „Глувци и луѓе“ – Џон Стајнбек 

18. „Плодови на гневот“ – Џон Стајнбек 

19. „Патот со тутун“ – Ерскин Колдвел

20. „Раскази“ – Кетрин Менсфилд 

21. „Менхетенски трансфер“ – Џон Дос Пасос

22. „Портретот на Џени“ – Роберт Нејтан

23. „Орландо“ – Вирџинија Вулф

24. „Г-ѓа Даловеј“ – Вирџинија Вулф

Што напишал за „Г-ѓа Даловеј“:

„Кога ми ја дадоа шпанската верзија на „Г-ѓа Даловеј“ од Вирџинија Вулф, предвидоа дека ќе ја засакам толку многу, што дури и ќе ја научам напамет. Се вратив дома со ставот на човек којшто го открил светот.“

Leave a comment