Денешната објава решив да ја посветам на поезијата. Многу често на интернет просторот можете да најдете познати актери, актерки, музичари и музичарки, како читаат познати поеми, па се одлучив овојпат да извојам неколку кои мислам дека би можеле да бидат интересни.

1. Бенедикт Кумбербач чита поема за Ричард III од Керол Ен Дафи
Кумбербач, кој има далечни роднински врски со Ричард III, ја читаше оваа поема на погребот што се случи во март годинава, откако во 2012 година неговите коски беа пронајдени под еден паркинг, а подоцна со дополнителни истражувања се докажа дека се работи за неговите останки, кои сега конечно почиваат во катедралата во градот Лечестер.
2. Мерилин Менсон ја чита „Поговорките на пеколот“ од Вилијам Блејк
3. Сандра О ја чита „Сосема јасно“ од Хафиз
4. Ентони Хопкинс ја чита „Немој да одиш нежно во таа добра ноќ“ од Дилан Томас
Погледнете и како екипата на „Интерстелар“ ја интерпретира истата поема:
5. Том Вејтс ја чита „Срцето што се смее“ од Чарлс Буковски
6. Том Хидлстон рецитира „Сонет 18“ од Шекспир
7. Патрик Стјуарт ја рецитира „За есента“ од Џон Клер
8. Глен Клоуз ја чита „Сакам да бидеш мирна“ од Пабло Неруда
9. Ема Томпсон ја чита „Смрт, немој да бидеш горда“ од Џон Дон
10. Мерил Стрип ги чита „Лучај“ од Ванг Веј и „Писмо до Агнес ДеМил“ од Марта Грахам
Тука некаде завршува мојот избор за денес, се надевам дека ви се допаднаа интерпретациите. 🙂

[…] докажат и покажат својата љубов. Пред некое време имав пост за познати кои рецитираат познати поеми, а денес пред вас имате неколку прекрасни поеми кои се […]
LikeLike