Познати воведни реченици во книжевноста!

Има одредени книги кои маѓепсуваат уште од првата реченица. Дел од книгите кои денес ги сметаме за класици, имаат воведни реченици кои се препознатливи и кои ќе ги познаете секаде. За денес одлучив да изберам неколку легендарни воведни реченици кои оставиле неизбришлива трага во историјата на книжевноста.

1. „Сè започна како грешка.“Чарлс Буковски, „Пошта“

2. „Сите деца, освен едно, пораснуваат.“Џ. М. Бери, „Петар Пан“

3.  „Марли беше мртов: ко за почеток“.Чарлс Дикенс, „Божиќна приказна“

4. „Неизбежно беше: мирисот на горчлив бадем секогаш го потсеќаше на судбината на невозвратената љубов.“Габриел Гарсија Маркез, „Љубов во време на колера“

5. „Универзална вистина е дека неженет маж кој има добро богатство, сигурно е во потрага по жена.“Џејн Остин, „Гордост и предрасуди“

Photo by Kelly Sikkema on Unsplash

6. „Сите среќни семејства се слични едно на друго. Сите несреќни семејства се несреќни на свој начин.” – Лав Толстој, „Ана Каренина“

7. „Беа тоа најдобрите времиња, беа најлошите времиња, беше добата на мудрост, беше добата на глупост, беше епоха на верување, беше епоха на неверување, беше ерата на Светлината, беше ерата на Темнината, беше тоа пролет на надежта, беше зима на очајот, имавме сè пред нас, немавме ништо пред нас, сите одевме право во рајот, сите одевме право во спротивна насока – накусо, тоа раздобје беше толку слично на денешново што некои од најгласните авторитети упорно бараа, и во добра, и во лоша смисла, за него да се говори само сè најдобро.“Чарлс Дикенс, „Приказна за два града“

8. „Бездруго некој го наклеветил Јозефа К., зошто, без да направи нешто лошо, едно утро го уапсија”. –  Франц Кафка, „Процес

9. „Идејата за вечното враќање е таинствена и Ниче со неа ги збунил повеќето филозофи: да се замисли дека еднаш би се повторило сè, онака како што веќе сме го доживеале и уште дека сето тоа повторување би се повторувало до бескрај!“  – Милан Кундера – „Неподносливата леснотија на постоењето“

10. „Беше светол ладен ден во април и сказалките на часовникот отчукуваа тринаесет.“ Џорџ Орвел, „1984“

Ова се некои од речениците кои ги избрав за денес. Има толку прекрасни реченици кои ќе ги споделувам повремено на блогот, бидејќи заслужуваат да бидат споделени, а нема место за сите во еден пост. 🙂

Leave a comment