Ернест Хемингвеј има кажано дека да се биде писател е многу осамена работа. Многу често тие се изолираат во потрага по инспирација за да го напишат совршеното дело и посветуваат години од својот живот за таа цел. Иако некои писатели започнале со пишување уште од својата младост, сепак за нив успехот дошол многу подоцна.
На пример, самиот Хемингвеј почнал да пишува на 16 години, а вистинските плодови на успехот ги вкусува по неговата 50-та година. Оскар Вајлд ја започнал кариерата на 20 години, а успехот го доживеал дури по 17 години. Александар Дима започнал на 20 години, а за препознавање на неговиот талент и книжевни заложби чекал до својата 40-та година. Подолу може да го погледнете инфографикот кој е малку подетален во тој однос и можете да видите најразлични писатели кои денес ги знаеме како генијални умови, на кои патот до славата и признавањето на талентот им бил исполнет со трња и камења.
Целта на инфографикот е да ги поттикне и оние кои веќе почнале да пишуваат, а уште не постигнале успех или оние кои се плашат да започнат со пишување заради страв од неуспех. Инфографикот сака да покаже дека патот до квалитетот и до успехот никогаш не е лесен и дека доколку веруваме во нашите идеи и соништа и доколку сме доволно упорни, можеме да успееме во тоа што сме го наумиле.
Навистина интересен инфографик, има многу звучни имиња од литературата.

