Ентони Дор е добитник на Пулицеровата награда за 2015 година!

Ентони Дор е добитникот на овогодинешната Пулицеровата награда. Тој го доби ова признание за неговата книга „Сета светлина која не можеме да ја видиме“. Одборот кој ја доделува оваа награда, за оваа книга рече дека е „имагинативна и интригантна книга која е инспирирана од ужасите кои се случувале во Втората светска војна, напишана во кратки, елегантни поглавја кои ја истражуваат човековата природа и контрадикторната моќ на технологијата“. Оваа книга се смета за една од најдобрите книги за изминатата година, која донесе вистинско освежување на книжевната сцена. Покрај наградата, Дор ќе добие и 10.000 долари.

Покрај победникот, годинава за Пулицеровата награда за фикција се бореа и „Остави ме да бидам искрен со тебе“ од Ричард Форд, „Сметката на Мур“ од Лејла Лалами и „Убаво, темно, длабоко“ од Џојс Кeрол Оутс.

One comment

Leave a comment