Инфографик: Книги што ја предвидоа иднината!

Иднината не е секогаш лесно да се предвиди, иако сите замислуваме како би изгледала. Најчесто предвидувањате се погрешни, но понекогаш се случува некој и да погоди што ќе се случи. Во текот на историјата, напишани се многу книги во кои се зборува за иднината или пак се опишуваат предмети и иновации кои во моментот на пишување не постоеле, но потоа биле создадени или откриени години (дури и векови) подоцна.

Од електрични подморници, до антидепресиви и слушалки за уши, погледнете го овој интересен инфографик за тоа кои книги ја предвидоа иднината. Инфографикот е составен од годината на издавање на книгата до тоа во која година било создадено или откриено она што е опишано во книгата.

На пример, електричните подморници што Жил Верн ги опишал во својата „20.000 милји под морето“ се создадени во 1960 година, а тој ја напишал книгата во 1870 година, додека слушалките за уши првпат се среќаваат во книгата „Фаренхајт 451“ на Реј Бредбери во 1948 година, а за првпат беа промовирани во 2001 година.

Прашањето е дали овие книги ги предвиделе овие откритија или пак можеби послужиле и како инспирација?

Инфографикот содржи навистина интересни информации кои сигурно ќе ве изненадат.

bookpredictions_900x3463_3

Leave a comment