На денешен ден е роден Вилијам Шекспир, најважниот англиски писател и драматург. Иако за датумот на раѓање постојат неколку верзии, сепак светот го одбележува 23 април како негов датум на раѓање. Неговите безвременски дела и ден денес се изведуваат низ театрите ширум светот, а неговите дела се инспирација за безброј различни екранизирани верзии.
Често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Авон“. Неговите дела се состојат од 38 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други пократки поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург.
Шекспир ги напишал повеќето од познатите драми помеѓу 1589 и 1613 година. Меѓу најпознатите негови драми се: „Хамлет“, „Ромео и Јулија“, „Јулиј Цезар“, „Сон на летната ноќ“, „Отело“, „Магбет“, „Кралот Лир“, „Многу врева за ништо“, како и „Како што милувате“. Сепак книжевниот опус на Шекспир е преобемен и неговата литературна вредност е бесценета.
Покрај останатите интересни факти познати за Шекспир, една од најинтересната е дека има измислено 1700 зборови во англискиот јазик.
BBC, по повод денот на неговото раѓање, на својот портал објави 10 незаборавни мисли на Шекспир, кои ви ги пренесувам тука.










