За љубителите на книгата, Саемот на книгата е вистински празник. Сите издавачки куќи од Македонија, но и од регионот и странство ги презентираат своите изданија и секогаш за секого може да се најде нешто. Промоции, нови изданија, попусти, дружење и интервјуа со автори, се е тоа дел од Саемот на книга.
Годинава, Саемот на книга ќе се одржи во периодот од 5 до 11 мај. Ова ќе биде 27-миот Саем на книга. Повеќе од 70 издавачи од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Шведска и Италија ќе се претстават со своите изданија од најразлични книги од сите жанрови. На овој саем ќе има голем избор на книги – од белетристика до стручна литература. Застапени ќе бидат секако и класиците, но и најпопуларните бестселери.

Работното време на Саемот на книгата ќе биде од 10 до 20 часот, влезниците се 30 денари, а за организирани посети 20 денари.
Сите љубители на книги и читатели желни за нови изданија и нови четива, сигурно имаат подготвен список со книжевни желби кој ќе го понесат со себе на овој саем!
Читатели и читателки, уживајте! 🙂
