Неколку работи што можеби не сте ги знаеле за „Алиса во Земјата на чудата“

Нема потреба многу да се зборува за „Алиса во Земјата на чудата“ од Луис Керол. Една од најпопуларните книги за деца, но и книга омилена помеѓу возрасните. Класик според кој се направени многу анимирани и играни филмови, безброј театарски претстави… Книга за авантурите на девојката Алиса која влегува во чудесниот свет каде што ќе се запознае со многу нови пријатели.

alice-in-wonderland-logo-4-2017

Во продолжение може да прочитате неколку факти кои можеби и не сте ги знаеле за оваа книга:

1. Ликот на Алиса е заснован врз вистинско девојче – Алиса Лидел. Она што е навистина интересно е дека девојчето секаде е претставено како русокосо девојче, додека во реалноста таа имала темна коса.

alice-liddell

(Алиса Лидел – инспирацијата за Алиса од „Алиса во Земјата на чудата“)

2. Имињата на трите сестри во приказната на стаорецот (Елси, Лејси и Тили) се однесуваат на имињата на трите сестри Лидел. Елси доаѓа од иницијалите на Лорина Шарлот (Elsie; Lorina Sharlotte или L.S), Лејси е трансформација од Алиса (Lacie; Alice), а Тили е скратено од Матилда, прекар кој Едит го добила од нејзината сестра.

3. Дрвото за кое се зборува дека го инспирало Луис Керол да го создаде дрвото на Чеширскиот мачор, се наоѓа во градината позади домот на Алис во Оксфорд. 

(Дрвото што било инспирација за  дрвото на Чеширскиот мачор во „Алиса во земјата на чудата“)

4. Луис Керол страдал од ретка невролошка болест која предизвикувала чудни халуцинации во поглед на големината на предметите, кои можат да изгледаат поголеми или помали од нивната вистинска големина – нешто што се појавува многу често во книгата. Оваа болест првпат е откриена во 1955 година од страна на англискиот психијатар Џон Тод и подоцна е именувана како синдромот „Алиса во Земјата на чудата“. Исто така е позната и како Тодовиот синдром.

5. Супата од желки што се појавува во книгата навистина постоела како јадење! Оваа супа била многу популарна во викторијанско време и всушност била евтина замена за зелената супа од желки и се состоела од многу чудни делови од теле, како што се мозок, глава и копита.

6. Откако ја прочитала „Алиса во Земјата на чудата“ и многу ѝ се допаднала, кралицата Викторија предложила Луис Керол да ѝ ја посвети следната книга на кралицата. Па така, неговата следна книга била претставена пред кралицата. Најверојатно таа не го замислувала тоа баш така…

7. Вистинското име на Луис Керол е Чарлс Лутвиџ Доџсон. Неговиот псевдоним е англизација на Лудовикус, латинската верзија на Лутвиџ и ирското презиме Керол кое е многу слично на латинската верзија на Чарлс – Каролус.

8. Во 1890 година, Луис Керол објавил скратена везија на „Алиса во Земјата на чудата“ за деца од „0-5 години“.  Оваа верзија вклучува 20 од илустрациите на Џон Тениел од оригиналната книга, кои биле издадени во боја, зголемени и во одредени случаи и малку променети.

9. Книгите биле забранети во Кина во 1931 година, а како причина било наведено дека „животните не би требало да зборуваат на човечки јазик.“

Leave a comment