Куќите и домовите на познатите писатели секогаш биле предмет на љубопитноста на луѓето. Тоа се нивните домови, место каде инспирацијата е најважна, каде што фантазијата нема граници. За денешната објава одвоив неколку куќи на познати писатели, местата кои им биле прибрежиште и дом, бегство од реалноста, местата кои биле нивни катчиња, домови во кои се напишани некои од најславните дела во книжевноста. Некои од овие домови се претворени во музеј, па отворени се и за посети.
1. Ранчот на Џек Лондон во Глен Елен, Калифорнија

Освен тоа што бил одличен писател, Лондон бил и голем љубител на природата и ранчовите. Тој има купено ранч во Калифорнија од 1400 акри и создал експериментална фарма. Тој си направил сопствена градина со различни продукти за да може да ја храни својата живина и стока, садел растенија, зелечнук и овошје за да се прехрани себеси, а изградил и свињарник кој бил толку голем што го нарекувал „палата на свињите“. Оваа куќа во којашто тој живеел и умрел, денес е отворена за посети.
2. Домот на Лав Толстој во Тула, Русија

Еден од најголемите генијалци во светот на книжевноста, Лав Толстој е роден во оваа куќа и во неа ги напишал своите најславни дела како што се „Војна и мир“ и „Ана Каренина“. Тој ја обожавал својата куќа за којашто секогаш говорел дека е неговото „недопирливо книжевно упориште“.
3. Домот на Џејн Остин во Хемпшир

Џејн Остин, која е одговорна за создавањето на господин Дарси, еден од најомилените ликови помеѓу жените и авторката на „Гордост и предрасуди“, живеела во оваа куќа заедно со своето семејство на почетокот на 19-тиот век. Додека живеела тука, таа била задолжена да го подготвува семејниот појадок. Во оваа куќа таа ги има напишанo последните измени на „Гордост и предрасуди“ и „Разум и чувства“. Денес оваа куќа е претворена во музеј во нејзина чест.
4. Куќата на Џорџ Орвел во Јура, Шкотска

Во 1946 година, Џорџ Орвел заедно со неговиот син се доселиле во оваа куќа во Шкотска, во која Орвел, чие здравје нагло се влошувало, ја завршил неговата најпозната книга – „1984“.
5. Домот на Агата Кристи во Гринвеј, Девон

Куќата којашто ја гледате на сликата некогаш ѝ припаѓала на најпопуларната авторка на криминални романи – Агата Кристи. Куќата дури и се појавува во неколку нејзини дела. Пред објавување на некое нејзино дело, семејството имало интересен обичај. Кралицата на крими-романите го собирала семејството, им читала поглавја од книгата којашто во моментот ја пишувала и им давала задача да погодат кој е убиецот. Многу често, сопругот на Агата Кристи успешно погодувал кој е убиецот.
6. Домот на Марк Твен во Хартфорд, Конектикат

Марк Твен ги поминал своите најсреќни денови во овој дом, заедно со неговата сопруга и трите ќерки. Тој има напишано седум книги тука, вклучувајќи ја и „Авантурите на Хаклбери Фин“. Куќата чинела многу и потоа влијаела врз финанскиските проблеми кои тој ги имал во подоцнежниот живот. Покрај своето биро за пишување имал и билијард кој често го користел кога сакал да се реклаксира помеѓу пишувањето на своите дела.
7. Домот на Лорд Бајрон во Њустед Аби, Нотингхемпшир

Ова прекрасно здание кое го гледате на сликата било речиси во урнатини кога Лорд Бајрон го наследил на свои 10 години. Тој посветил многу време и ресури за да го обнови. Тука постојано организирал луди забави, а исто така имал и посебно место одредено за стрелање, често боксирал во собата за цртање, а се зборува дека на имотот често му се шетале припитомени мечка и волк.
8. Домот на Вирџинија Вулф во Источен Сасекс, Англија

Вирџинија Вулф заедно со нејзиниот сопруг живееле во оваа куќа во периодот од 1919 година, па сè до нејзината смрт во 1941 година. Тука таа работела на нејзините книги како „Г-ѓа Даловеј“ и „Кон светилникот“ и организирала дружења на познатата Блумсбери група.
9. Куќата на Емили Дикинсон во Амхерст, Масачусетс

Животот на американската поетеса Емили Дикинсон и до ден денес останува вистинска мистерија. Таа била многу интровертна личност, која имала мал круг на пријатели со кои најчесто се допишувала, а во последните години од својот живот таа речиси и воопшто не излегувала од својата соба. Нејзината куќа и спална соба се гледаат на сликата погоре.
10. Домот на Чарлс Дикенс во Лондон, Англија

Во 1837 година, Чарлс Дикенс се вселил во оваа куќа во којашто ја напишал книгата „Оливер Твист“. Во 1925 година, оваа книга е претворена во музеј посветен нему, во која можат да се видат секакви лични предмети и написи од животот на писателот.
11. Куќата на Ернест Хемингвеј во Флорида

Ернест Хемингвеј живеел во оваа куќа во времето кога живеел со својата втора жена, пред да избега во Куба со неговата трета жена. Тоа биле неговите осум најпродуктивни години. Повеќето од неговите дела ги напишал во неговата работна соба. Оваа куќа содржи многу анегдоти и приказни. Денеска, на имотот живеатт околу 40 мачки, сите потомци на мачките кои ги чувал Хемингвеј.
12. Ф. Скот Фицџералд и неговиот дом во Минесота

Во 1919 година, непознатиот автор се преселил во куќата на неговите родители во Минесота. Млад, амбициозен и полн со енергија, во оваа куќа тој го завршил своето прво и најприфатено (за време на неговиот живот) дело – „Оваа страна на рајот“.
13. Домот на Маргарет Мичел во Атланта, Џорџија

Авторката на „Одвеано со виорот“ се вселила во апартманот број 1 во оваа зграда веднаш по нејзината свадба во 1926 година и живеела во него цели шест години. Таа работела на нејзината книга на едно работно биро, а малкумина знаеле дека пишува книга, бидејќи сметала дека тоа е нејзин личен и приватен проект. Долго време ја пишувала книгата, сè додека не била прифатена за издавање и затоа била приморана да ја заврши побрзо.
