Претходната недела пишував за најочекуваните книги за месец мај. Со оглед на тоа дека мај е секогаш месец со нови промоции и нови книги, решив да издвојам уште неколку книги кои излегуваат овој месец, а можеби ќе го фатат вашето внимание.
1. „Бог во урнатини“ – Кејт Еткинсон

Датум на издавање: 5 мај
Авторката на бестселерот „Живот по животот“, во оваа книга го следи животот на помалиот брат на Урсула – Тед, додека се приспособува на животот по Втората светска војна во Велика Британија. Скокајќи од еден во друг период, Тед прави споредба на неговиот возбудлив живот за време на војната и сосема различниот живот откако истата ќе заврши.
2. „Црква од чуда“ – Лесли Пери

Датум на издавање: 5 мај
Ова прекрасно дебитантнско дело е сместено во 1895 година во Њујорк и 4 животи се испреплетуваат едни со други. Кога мајката на Одил и Бел загинува во пожар, Бел исчезнува некаде низ Менхетен додека два животи почнуваат да стануваат сè поврзани со нивните.
3. „Зелениот пат“ – Ен Енрајт

Датум на издавање: 11 мај
Опфаќајќи период од три децении и три континенти, оваа книга ни ја раскажува приказната за Розалин и нејзините четири деца. Како растат, секое од нив почнува да се отселува од дома и сите се враќаат назад кога ќе чујат за одлуката на мајката да го продаде семејниот дом. Оваа книга, која се обидува да создаде врски во семејството кои никогаш не постоеле, е навистина трогателна и ќе го допре секој што ќе ја земе оваа книга во рака.
4. „Најсреќната девојка на светот“ – Џесика Кнол

Датум на издавање: 12 мај
За оваа книга, Рис Витерспун веќе ги има откупено правата за филм заснован врз оваа книга, а книгата дури денес излегува во продажба. Оваа книга ја раскажува приказната на Ани која изгледа како да има совршен живот, но живее со една тајна која ја мачи подолго време и која се заканува да и го уништи навидум совршениот живот.
5. „Загубени“ – Нел Цинк

Датум на издавање: 19 мај
Дејството во книгата е сместено во 1966 година кога бруцошката Пеги е шармирана од нејзиниот професор и поет Ли. Нивната афера завршува со непланирана бременост и несоодветен брак за кој на Пеги ќе ѝ бидат потребни 10 години за да избега од него, со многу лаги во процесот. Оваа книга во која се истражуваат најразлични теми како што се расите и сексуалноста, е книга која морате да ја прочитате и ќе ја прочитате во еден здив.
6. „П.С. Сè уште те сакам“ – Џени Хан

Датум на издавање: 26 мај
Во ова продолжение на бестселерот „До сите момчиња кои ги љубев претходно“, гледаме како изгледа првата љубов низ очите на Лара Џин. Љубовта никогаш не е едноставна, но можеби тоа е делот што ја прави толку прекрасна.
7. „Брегот“ – Сара Тејлор

Датум на издавање: 26 мај
Дејството во оваа дебитантска книга е сместено на мала група острови во заливот Чисејпик или „Брегот“ како што популарно го нарекуваат неговите жители. Некои луѓе тука го бараат своето прибрежиште, некои пак го наоѓаат својот кошмар. Оваа книга следи различни групи на луѓе кои се обидуваат да ги заштитат луѓето кои ги сакаат додека сакаат и да избегаат во исто време.
