Претходната недела на блогот презентирав еден инфографик кој даде преглед на тоа колку време е потребно да се прочитаат некои од најпознатите класици. Оваа недела можете да видите 24 книги кои можат да се прочитаат за помалку од еден час. Овој викенд е продолжен, еден ден повеќе за одмор и за уживање, па можете да искористите дел од времето да прочитате некоја од предложените книги.
На почетокот од инфографикот има интересни информации за читањето, како што е фактот дека 6 минути читање го намалува стресот за 68% и дека барем неколку минути поминати во читање помагаат во зголемување на самодовербата и фантазијата. Просечно, еден човек чита 300 зборови за една минута. Подолу погледнете кои книги можете да ги прочитате за помалку од еден час и инспирирајте се за вашето наредно читање.

