Животот на сестрите Бронте кои со својот талент му подарија на светот прекрасни дела, ќе биде олицетворен во двочасовна драма на BBC. Сестрите Шарлот, Емили и Ен, денес се сметаат за бисери на британската уметност, но нивниот живот бил преполн со тага, болка и трагедии.
Само за потсетување, Шарлот доби најголема слава со своето дело „Џејн Ер“, Емили со нејзините „Оркански височини“, а Ен, иако е најмалку позната, добива признание за нејзината работа во „Станарката од замокот Вајлдфел“.

Оваа драма ќе биде напишана и режирана од Сали Вејнврајт и ќе го следи односот на сестрите и нивната блискост, но и нивниот однос со нивниот брат Бранвел, кој заради пропадната љубов и други причини, во последните 3 години од својот живот бил прилично тежок човек за комуницирање и градење однос, особено заради фактот дека се приклонил кон алкохолизмот, дрогата и неговото однесување едноставно било неподносливо и неприфатливо.
Ќе се истражува и нивниот однос со својот татко кој неуморно работел за тие да ја засакаат книжевноста.
Иако животот на сестрите секогаш бил подложен на мистерија и многу работи не се познати, сепак BBC и Вејнврајт, ќе се обидат да го доближат животот на овие легендарни писателки до нивните читатели и да фрлат ново светло на она што досега го знаеме за нив.

[…] напишав на блогот дека BBC спрема двочасовен проект за животот на сестрите Бронте. Покрај останатото, радиото BBC заедно со Бенедикт […]
LikeLike
[…] напишав на блогот дека BBC спрема двочасовен проект за животот на сестрите Бронте. Покрај останатото, радиото BBC заедно со Бенедикт […]
LikeLike