Уметност без граници: Графити инспирирани од литература и книги!

Графитите секогаш претставувале своевидна уметност, најчесто со намера да пренесе одредена порака. Некогаш бунтовни, некогаш хумористични, некогаш љубовни, но секогаш биле одличен начин на кој младите се изразувале себе и комуницирале со општеството.

За ова неделно попладне избрав неколку графити ширум светот кои се инспирирани од книгите и литературата или графити кои едноставно сакаат преку некоја книга да пренесат општествена порака или пак да изразат почит на некоја книга.

1. Графит со стихови од Силвија Плат (и Леонард Коен над неа)

2.  А што ако уметноста владееше со светот?

3. Графит во чест на Жан Пол Сартр во Ерменија

4. Џорџ Орвел и неговата „Животинска фарма“ се многу често повод за графити ширум светот. Еве само два примери:

5. Два графити во чест на „Божествената комедија“ на Данте Алигери

6. Во чест на Толкин и „Господар на прстените“

7. „Алиса во Земјата на чудата“ во Лондон

8. Има и такви кои ни порачуваат да го читаме Кафка

И негов портрет:

9. Кој не би сакал вака да биде “украсена“ неговата зграда?

10. Еден прекрасен графит и кај нас во Скопје, портрет на Едгар Алан По, се наоѓа кај Дом на АРМ.

11. Графит во чест на Курт Вонегат во Австралија

12. Жан-Жак Русо

13. Погоре видовме како Џорџ Орвел и „Животинска фарма“ се инспирација за улична уметност, но не смее да се заборави и „1984“:

14. Во чест на Емили Дикинсон:

15. „Малиот принц“ е една од најпреведуваните и омилените книги и на малите и на големите и сосема е разбирливо што често се наоѓа на графитите на ѕидовите низ светот:

16. И Шекспир е честа инспирација:

А некогаш пак, се користи и хумор. 🙂

17.  И Лорд Бајрон ги краси ѕидовите во Лондон:

18. Портрет на Чарлс Дикенс:

18. Портрет на Семјуел Бекет: 

19. Графит во чест на Фернандо Песоа

20. И како последна слика за денес, еден прекрасен графит кој покажува девојче како чита книга.

Се надевам дека ви се допадна изборот и во некоја наредна прилика ќе се обидам да најдам и други графити кои го заслужуваат нашето внимание.

Leave a comment