Предлог – листа за читање: Книги кои добиле Пулицерова награда (13)

Новите 5 предлози за оваа недела се тука. 🙂

Како што веќе знаете, секоја недела давам 5 предлози од книги кои добиле Пулицерова награда и секоја од нив од различна декада. На овој линк можете да ги разгледате минатонеделните предлози, а на истиот линк имате линкови и до претходните изданија и претходните предлози.

Предлози за оваа недела се:

1. „Способните МекЛафлинсови“ – Маргарет Вилсон

Книгата која е добитник на Пулицеровата награда во 1924 година е емотивна приказна за еден човек, Вили МекЛафлин кој се пријавува и се бори во американската Ѓраѓанска војна. По сите трагедии и работи кои се соочува на бојното поле, се враќа назад само за да ја најде својата љубена бремена од друг човек. Приказна за животот, за неговата непредвидливост и како човекот се справува со сите разочарувања кои му наидуваат на патот.

2. „Починатиот Џорџ Ејпли“ – Џорџ П. Маркванд 

~ „Еден ден ќе дознаеш дека постои убавина во душата која е многу поважна од светска убавина. Приспомнувај си за ова секогаш кога ќе видиш светска убавина пред тебе.“ ~

1938 година е годината кога оваа книга го доби Пулицерот. Приказната го следи пропаѓањето на богатството на едно познато и ценето бостонско семејство во почетокот на 20-тиот век. Внесувајќи не’ во шемата и начинот на функционирање на бостонското општество, оваа книга не’ запознава и со богатите населби и ексклузивни приватни клубови достапни само за најбогатите.

Оваа книга, преку приказната на едно семејство и нејзиниот патријарх (неодамна починатиот Џорџ Ејпли), ни’ дава слика за едно цело општество кое поминува низ транзиција. Во книгата, на еден многу суптилен начин постојано се провејува сатирата, но истовремено е книга која е полна со драма и случувања и покажува дека многу често зад успехот се крие разочарување и каење.

3. „Андерсонвил“ – МекКинлеј Кантор

Уште една книга за американската Граѓанска војна од малку поинаков агол и поинаква перспектива. Оваа книга ја доби Пулицеровата награда во 1956 година. Оваа книга ги покажува трагедијата, болката, човечките судбини кои се случуваат за време на војна. Дејството е сместено во тврдината во Андерсонвил која за време на Граѓанската војна е користена за концентрационен камп – затвор од страна на Југот.

4. „Конфедерација на глупаци“ – Џон Кенеди Тули 

~ „Очигледно ми недостасува некој вид на перверзија која ја бараат денешните работодавци.“ ~

Една од најфалените книги од своето време, книгата „Конфедерација на глупаци“ ја добива Пулицеровата награда во 1981 година. Книжевна комедија од најврвно ниво, книга полна со многу интелигентен хумор, а главниот лик Игнатиус е вистински Дон Кихот на модерното време.

Книга која на многу умешен начин го исмева општеството, истовремено откривајќи се’ што не е во ред со модерните времиња. Книга која многу ќе ве забавува додека ја читате, но и ќе ве натера да размислувате.

5. „Гилеад“ – Мерилин Робинсон

~  „Сеќавањето може да направи нешто да изгледа многу повеќе отколку што навистина било.“  ~

Последната книга за денес е добитничката на Пулицеровата награда во 2005 година. Книгата е првата книга од трите кои Мерилин Робинсон ги има напишано во оваа трилогија. 24 години по објавувањето на нејзината книга, Робинсон ја објавува во интимна приказна за три генерации кои датираат од Граѓанската војна до 20-тиот век.

Приказна за татковци и синови и духовните борби кои се’ уште постојат во срцето на Америка. Преку гласот на свештеникот Џон Ејмс, оваа книга ја открива човековата состојба и незабележливата убавина на секојдневниот живот.

Leave a comment