Кој кажа дека историјата е здодевна? Верувам дека овој инфографик ќе ги демантира сите кои го застапуваат ова мислење. Обожавателите на „Песна за мразот и огнот“ и серијата „Игра на тронови“ која е направена според неа, уживаат во измислениот свет и фантазија претставена во нив. Но, она што можеби ќе изненади голем дел од обожавателите е дека голем број на ликови и настани се всушност инспирирани од вистински историски настани, племиња и луѓе.

Нема да должам многу, бидејќи самиот инфографик е детален, интересен и објаснето е на начин на кој и оние кои не се премногу запознаети, би можеле да се заинтересираат. Верувам дека некои од фактите ќе ви бидат навистина интересни и изненадувачки, доколку ги немате видено веќе претходно.
Напомена: И самиот инфографик предупредува дека е можно да има спојлери. Ова особено важи за оние кои сè уште не ја почнале серијата или книгите.

