Не е тајна дека речиси сите познати писатели воделе прилично бурен живот. Поголемиот дел од нив се сметале себеси за боеми кои уживале во алкохолот. Голем дел од нив се бореле со алкохолизмот со години, дел од нив никогаш не се излечиле. Некои пак, се ограничувале и умерено уживале во алкохолот.
Во продолжение следуваат неколку автори и нивните омилени пијалоци.
1. Ф. Скот Фицџералд – Џин
Авторот на „Големиот Гетсби“ уживал во алкохолот уште од неговите денови на факултет. Подоцна, кога веќе станал успешен писател, џинот станал негов омилен пијалок. Наводно највеќе сакал џин бидејќи не му мирисал здивот од него. Што се однесува до пиењето, тој еднаш кажал: „Прво земаш една пијачка, па потоа пијачката зема пијачка, па потоа пијачката те зема тебе.“

2. Ернест Хемингвеј – Мохито
Верниот другар на Фицџералд, легендарниот Ернест Хемингвеј бил исто така познат по својата љубов кон чашката. Имено, Ернест Хемингвеј страдал од депресија и алкохолизам со години и на крајот сам си го одземал животот. Негов омилен пијалок бил коктелот „мохито“ кој постојано го пиел додека одел во клубот „Ла бодегита дел медио“ во Куба, дури и напишал на ѕидот: „My mojito in La Bodeguita, my daiquiri in El Floridita.”

3. Стивен Кинг – Пиво
Стивен Кинг, препознатлив со своите романи полни со мистерија, криминал и хорор, отсекогаш сакал да пие пиво. И покрај тоа што и тој самиот морал да се соочува со свои демони и се борел со зависност од кокаин и страдал од депресија, сепак успеал да се извлече од сето тоа. Во една прилика има изјавено: „Никогаш не одев да пијам во барови, затоа што беа полни со кретени како мене.“
4. Џек Лондон – Мартини
Авторот на „Повик на дивината“ обожавал да пие мартини. Во една прилика има изјавено: „Не помина долго време додека го пречекав почетокот на илјада зборови со пијалок“.
5. Оскар Вајлд – Абсинт
Оскар Вајлд обожавал абсинт. Во една прилика има изјавено: „По првата чаша абсинт, ги гледаш работите онака како што посакуваш да ги видиш. По втората, ги гледаш онакви какви што не се. И на крај, ги гледаш токму онакви какви што се и тоа е најужасната работа на светот.“
6. Едгар Алан По – Егног
Еден од најпознатите поети и писатели на кратки раскази едно време обожавал да пие по едно шише бренди секогаш кога ќе седнел да пие. Цимерот на По во Вест Поинт, Томас Гибсон, има изјавено дека По речиси никогаш не бил без најдоброто бренди покрај себе.
Но, сепак, омилениот пијалок на Едгар Алан По бил егногот, кој бил специјалитет на неговото семејство и чиј рецепт се пренесувал од генерација на генерација, а се состоел од: седум јајца, заслaдено млеко, крем, бренди и морско оревче.
7. Џек Керуак – Маргарита
Џек Керуак, претставник на бит-генерацијата и автор на „На пат“, кој исто така е познат по своето претерано конзумирање на секаков вид алкохол, наводно се заљубил во маргаритите додека бил на една од своите пијани авантури во Мексико.
8. Дилан Томас
Дилан Томас е еден од најпознатите поети, можеби најпознат по својата „Не оди нежно кон таа добра ноќ“ и по тоа што обожавал да пие виски. Починал во 1953 година од алкохолно труење откако испил 18 чаши виски на екс. Кога станува збор за алкохолот, познат е по својата изјава: „Пијаница е човек којшто не го сакаш, а пие исто толку колку тебе.“
9. Ијан Флеминг – Џин – мартини
Авторот на Џејмс Бонд, најпознатиот филмски шпион на сите времиња, живеел навистина безгрижен живот, постојано изнајмувал хотелски соби каде правел забави и постојано спиел со различни жени. Се разбира, ваквиот начин на живот бил проследен и со многу алкохол. Се смета дека неделно пиел 4 пати повеќе од она што било крајна граница која ја препорачувале докторите. Имало време кога пиел по (најмалку) едно шише џин на ден, а потоа докторот му рекол да се насочи кон бурбон, бидејќи сепак бил помалку штетен по неговото здравје. Сепак, џин-мартини останал негов омилен пијалок кој навистина му бил при срце.
