Летен фестивал на книгата во организација на издавачкиот центар „ТРИ“!

Летото е одлично време за книга. Време за плажи и море, но време и за книги!

Издавачкиот центар „ТРИ“ го организира Летниот фестивал на книгата кој ќе се одржи од од 20 јуни до 31 август. Речиси цело лето полно со најразлични понуди, попусти и разновиден избор на книги кои ќе ја украсат вашата домашна библиотека.

leten-festival-kniga

Покрај попустот до 70% на сите изданија на ТРИ, уште 6 други издавачки куќи ќе ги понудат своите изданија по фестивалски цени за сите кои ќе го посетат фестивалот.

Издавачката куќа „Бегемот“ на својата фејсбук страница објавија дека нивните изданија исто така ќе можат да се најдат со намалени цени во книжарницата ТРИ во ГТЦ и останати локации низ градот. Нивната објава погледнете ја тука.

Покрај попустите на веќе познатите книги кои се нудат во ТРИ, издавачкиот центар објави дека и комплетна нова понуда и нови наслови за уживање. Меѓу насловите се: „Лето во Италија“ од Дејвид Мекфарлан, „Духови“ од Цесар Аира, „Двојна измама“од Џејмс Патерсон и уште други изненадувања.

Летниот фестивал на книгата во ТРИ ќе биде придружена и со наградни игри. Со секоја купена книга ќе имате можност да се натпреварувате за 7-дневно патување за двајца. Истовремено ќе има и интересен натпревар каде ќе треба да го користите хаштагот #ПатувамСоКнига на социјалните мрежи и на нив да ги ставате нивните најзабавните летни фотографии.

Секоја од десетте недели последователно ќе понуди поинакво тематско доживување, започнувајќи со промовирање на најновите изданија објавени на македонски. Фестивалот ќе продолжи со специјална промоција на трилер-романите, на најдоброто од европската литература, на филмувани наслови, на есенцијалните летни читанки, а за оние што ќе одлучат летото да го поминат читајќи, ќе бидат подготвени посебни тематски пакети, со дополнителен попуст и подарок.

Посетете ги ТРИ и нахранете си ја душата за ова лето!

Знам дека јас сигурно нема да го пропуштам овој Летен фестивал.

За повеќе информации одете на страната на ТРИ.

Постои и фејсбук настан кој можете да го најдете тука.

Leave a comment