За денешен цитат на денот избрав мисла на Чарлс Буковски од неговиот прв издаден роман „Пошта“, кој е всушност сведоштво на неговите денови минати како службеник во Поштата на САД. Со неговиот препознатлив и контроверзен стил на пишување, Буковски е еден од најпознатите, најконтроверзните, но и најпопуларните американски писатели.

