„Види музика, слушни слика, добиј книга“ вечерва во Градски парк!

Мултимедијалниот спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи вечерва со почеток од 21:00 часот во Градски парк. Овој настан традиционално се одржува секоја година, а годинава се организира по осми пат.

Темата на настанот е „Бродвеј под ѕвездите“. Присутните ќе имаат можност да слушнат некои од најпопуларните хитови од мјузиклите кои сите ги знаеме, со драго срце ги пееме во секоја дадена прилика и се дел од секоја забава. Ова е еден од настаните кои не смеете да ги пропуштите, настан кој му дава една посебна топлина и шарм на нашето Скопје.

mkd-199279

Македонската филхармонија ќе ги изведува овие настапи под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, а популарната македонска пејачка Сара Мејс.ќе им даде посебен шмек на песните со својот карактеристичен глас.

Бидејќи настанот ги спојува уметноста, музиката и литературата и има за цел да ја промовира нивната магија, покрај музиката во која публиката ќе ужива, сликарите Стојан Ѓуриќ и Милан Андов на платна кои ќе бидат поставени покрај сцената ќе можат да ги претстават своите дела инспирирани од оваа тематска вечер.

Публиката, освен тоа што ќе може да ужива во прекрасната атмосфера и да се забавува, ќе има можност и да добие еден од 20.000-те примероци на книгата „Фигури“ од Јан Неруда, еден од најпознатите чешки писатели и поети од втората половина на 19-тиот век. Љубители на книги, не смеете да ја пропуштите оваа можност да ја збогатите домашната библиотека со ова непроценливо дело!

Организатори на настанот се Македонска филхармонија и Младински културен центар, а се поддржани од Град Скопје, Министерство за култура и T-Home.

Leave a comment