Од утре започнува Летен саем на книга во трговскиот центар „Рамстор“!

Што се однесува до книгите, летото е навистина возбудлив период полн со попусти, награди, промоции, нови изданија… Совршен период за да се освежите со нова книга и да го направите летото уште попријатно и поубаво.

Во таа насока, утре започнува Летен саем на книга во трговскиот центар „Рамстор“. Саемот ќе трае 4 дена, до 28 јуни, од 10:00 до 22:00 часот. Околу 11 издавачки куќи ќе ги претстават своите изданија и најавуваат одлични цени, големи попусти, квалитетни наслови и многу изненадувања за сите посетители.

Покрај ова, се најавуваат и промоции на нови изданија од издавачките куќи, како и средби и дружење со познати писатели. Ќе има и книжевни читања, а за најмалите се најавени и детски работилници кои со сигурност ќе им претставуваат вистинска забава и уживање!

Leave a comment