Инфографик: Какви читатели постојат?

Љубовта кон книгите ги поврзува сите љубители на книги и тоа им е заедничка точка штоги поврзува, каде и да се. Но, сите имаат различен стил на читање и сите различно ги доживуваат книгите. Овој инфографик кој можете да го разгледате подолу, на симпатичен начин разграничува какви типови на читатели постојат. Сигурно и вие ќе се пронајдете во некоја од категориите или можеби сте микс од овие категории.

Според инфографикот, постојат шест типови на читатели:

1. Полигамист – Читател што чита по неколку книги одеднаш. И секогаш точно знае кој заплет на која книга ѝ припаѓа.

2. Моногамист – Читател што чита по една книга и кој постојано се навраќа на своите омилени книги за да ги препрочита уште еднаш.

3. Екстроверт – Авантурист, чита книги од секакви жанрови и постојано ги менува, сака да чита секакви книги.

4. Интроверт – Има еден омилен жанр и се држи до него, детално ги анализира заплетите и се поистоветува со ликовите.

5. Алтруист – Обожава да им препорачува и да им позајмува книги на другите, особено на семејството и пријателите.

6. Невротичен – Многу лесно можете да му го одвлечете вниманието од читање, започнува неколку книги одеднаш, ретко ги завршува.

Се пронајдовте во некоја од категориите?

Погледнете го и инфографикот:

Leave a comment