Инфографик: Најинтересните и најважните детали за „Авантурите на Шерлок Холмс“!

Шерлок Холмс е еден од најинтересните и најомилените ликови во историјата на книжевноста. Заедно со својот придружник Вотсон, неуморно трагаат по вистината и разрешувањето на мистериите. Артур Конан Дојл го доби своето место во историјата на книжевните великани давајќи ни го Шерлок Холмс и случаите на кои работи.

Шерлок Холмс е инспирација за голем број театарски претстави, филмови и телевизиски серии. Од поново време, најпозната е серијата со Бенедикт Камбербач во која тој го толкува Шерлок и која е во продукција на BBC и „Елементарно“ со Џони Ли Милер како Шерлок и чие дејствие се одвива во Њујорк.

Гардијан го објави овој интересен инфографик во кој на краток и илустриран начин се претставени сите факти кои треба да ги знаете за Шерлок Холмс. Сите интересни детали и статистики можете да ги прочитате подолу.

Инфографикот или инфографиците се поделени во 4 поглавја:

1. Во почетокот…
2. Играта започна!
3. Решавањето на случајот!
4. Задгробниот живот!

Во првото поглавје ќе видите интересни информации од типот на: колку пати вкупно се појавуваат ликовите во 60-те случаи, каков тип на мистерии најчесто треба да решава Шерлок, како изгледал домот на Шерлок и кои му биле најчестите клиенти.

Во второто поглавје претставени се информации и детали за тоа каде (и колку пати) оделе Шерлок и Вотсон за да собираат докази, колку пати случаевите се наречени единствени, исклучителни и/или интригантни и кои биле трагите и начините преку кои Холмс ја прави својата позната дедукција.

Во третото поглавје дознаваме за националноста на криминалците споредена со вистинската статистика за националноста на криминалците од тоа време, случаите кои Холмс ги споменува, но Дојл не ги напишал како посебни случаи и каква била судбината на откриените криминалци.

Четвртото поглавје кое се вика „Задгробен живот“ всушност се однесува на животот на Холмс, откако Дојл целосно го завршил своето дело, односно за присуството на Шерлок Холмс во филмови, весници и неговата застапеност во денешната популарна култура; за тоа колку пати ликот на Холмс се појавува во филмови и серии, што му е додадено отпосле, а не било напишано од страна на Дојл и на крај за сите оние кои ги немаат прочитано приказните, препорака за тоа по кој редослед да ги читате приказните и тоа и според Дојл и според најголемите обожаватели на овие приказни.

Погледнете го инфографикот, кој е дело на Адам Фрост и Џин Кинвин. Сигурна сум дека ќе уживате:

3750
3750 (1)
3750 (2)
3750 (3)
3750 (4)
3750 (5)
3750 (6)
3750 (7)
3750 (8)
3750 (9)
3750 (10)
3750 (11)
3750 (12)
3750 (13)
3750 (14)
3750 (15)
3750 (16)

Leave a comment