Книги кои не смеете да ги пропуштите во јули!

Дојде и јули, а со него и одморите, морето и плажата. Некои претпочитаат да седат под сенка и да читаат книга, некои читаат книга додека лежат на сонцето. Како и да е, книгата е постојан и најдобар придружник на плажа. Јули исто така е месец на нови изданија и нови книги. Погледнете кои книги излегуваат овој јули и можеби некоја ќе ви биде инспирација за вашето наредно четиво.

1. „Зборувај“ – Луиса Хол

Датум на издавање: 7 јули

Ова е книга која според критичарите не смеете да ја пропуштите. Топла, емотивна книга која го истражува создавањето на вештачката интелигенција и дава поинакво видување на човечката потреба за комуникација, поврзување и разбирање.

Приказна која се простира низ различен простор и време: од Атланскиот океан во 17 век до поправен дом во Тексас во блиската иднина и притоа е раскажана од перспективата на 5 сосема ралични ликови. Оваа книга зборува за тоа што значи да си човек и што значи да бидеш помалку жив.

2. „Фатаморгана на умот“ – Муштак Ахмад Јусуфи

Датум на издавање: 7 јули

Оваа збирка на раскази од 1900 година конечно добива превод на англиски јазик.

Го нарекуваат јужноазискиот Милан Кундера затоа што комбинира филозофија и истражување на човечката душа со слатко-горчлива иронија. Прекрасна книга и прекрасни раскази кои ќе ве воведат во нова култура, патувања, филозофија…

3. „Оди, постави стражар“ – Харпер Ли

Датум на издавање: 14 јули

Продолжението на „Да се убие подбивната птица“ која ја доби Пулицеровата награда е една од најомилените американски книги која го истражува расизмот, човековата верба во она што е исправно. Наводно, оваа книга била поднесена до издавачки куќи уште пред „Да се убие подбивната птица“, но се изгубила во процесот и пронајдена е во 2014 година.

Приказната ги следи ликовите од „Да се убие подбивната птица“ по 20 години. Жан Луис Финч се враќа во родниот град да го посети својот татко и се бори со лични и политички прашања кои го вклучуваат Атикус, општеството и малиот град во Алабама кој ја има формирано како личност.

4. „Нула“ – Роберт Савијано

Датум на издавање: 15 јули

Последната книга на италијанскиот новинар, „Гомора“ која беше хронологија на животот на мафијата во Неапол, му донесе светска слава, договор за филм, закани по неговиот живот и 24-часовна полициска заштита. Во оваа книга, Савијано го истражува пазарот на кокаин, со особен фокус на бруталните синдикати во Мексико и интернационалниот банкарски систем кој тактички ги поддржува. Неговите факти се одлично поткрепени и ја враќаат вербата во истражувачкото новинарство.

5. „Еден човек против целиот свет: Трагедијата на Ричард Никсон“ – Тим Вајнер 

Датум на издавање: 21 јули

Тим Вајнер е најпознат во своето експозе за ЦИА, „Наследство од пепел: Историјата на ЦИА“ кое му донесе многу награди. Овој пат, користејќи декласифицирани снимки и документи, тој ја уништува секоја надеж дека Никсон би можел да се извади од листата на најлоши американски претседатели. Секој контекст на сплетките кои биле правени, циничните политички борби. Полн со предрасуди, параноиден, пијаница и опасен човек – Никсон не бил многу поразличен од останатите политичари, но фактот дека таков човек ја водел Америка е навистина поразувачки.

6. „Филмска ѕвезда: напишано од Лизи Пепер“ – Хилари Лифтин 

Датум на издавање: 21 јули

Писателката Хилари Лифтин ја раскажува приказната за Кејти Холмс и Том Круз, со тоа што имињата се сменети и приказната ја раскажува измислен лик „Лизи Пепер“. Приказна за омилената холивудска двојка и нивниот живот и тешкотии кои ги имаат во текот на нивниот брак и како доаѓа до нивниот развод.

7. „Тревата која умира“ – Вилијам Т. Волман

Датум на издавање: 28 јули

Оваа книга е воена сага од 1300 страни која со сигурност ќе ви го окупира животот во периодот додека ја читате. 200 од тие страни се белешки за војната и за ужасите кои се случувале за тоа време. Оваа книга е вид на давање почит на американскиот генерал Оливер Отис Хауард, но остава простор и за сите останати на планетава Земја. Волман се надминува себеси, не само во должина, туку и во визија и длабочина.

8. „Убаво бебе“ – Мери Кјубика

Датум на издавање: 28 јули

Овој мистериозен, страшен психолошки трилер е толку добро напишан што нема шанси да го испуштите од рака. Хејди Вуд секогаш била добротвор. Еден ден на железничка станица гледа бездомничка со бебе и решава да ги донесе дома. Нејзиниот сопруг и ќерка се строго против идејата оваа жена да престојува кај нив, но Хејди е решена да и помогне на Вилоу и нејзиното бебе. Сепак, кога ќе излезе на површина минатото на Вилоу и околностите во кои запаѓа, Хејди почнува да се предомислува…

Leave a comment