Денешна тема на блогот е мирисот на книгите. Секој љубител на книги го обожава мирисот на книга, без разлика дали е нова или стара книга. По завршувањето на купување книги, поголемиот дел луѓе прво ја мирисаат книгата и уживаат во тоа.
Има нешто навистина посебно во мирисот на книгата. Она што сигурно сте забележале е разликата во мирисот на стари и нови книги. Ако некогаш сте се прашувале зошто е тоа така, денес овие прашања ќе ви бидат разрешени. Хемијата ни ги дава одговорите на нашите прашања.
Инфографикот кој можете да го видите подолу објаснува дека книгите (и нови и стари) испуштаат неколку стотици испарливи органски соединенија. Овие соединенија имаат различно потекло – некои се производ на деградација, додека пак некои зависат и се резултат од видот на хартија, лепилото со кое се лепат книгите и мастилото кое се користи при произведувањето и печатењето на книгата. Испарувањето на овие соединенија може да биде искористена и како алатка за процена на степенот на деградација и состојбата на книгите.
Нови книги
Мирисот на новите книги многу зависи од миксот на хемикалии кои испаруваат, а поттекнуваат од лепилото, мастилото и типот на хартија и методите кои се користат за нејзино производство. Што се однесува до лепилото, за производство на денешните книги најчесто се користат лепила кои многу често се составени од ко-полимери кои можете да ги видите како изгледаат во левата страна од овој инфографик.
Се претпоставува дека голем дел од испарливите органски соединенија потекнуваат првенствено од овие ко-полимери. Што се однесува до хартијата и мастилото: во процесот на создавање на хартијата, хартијата се третира со најразлични видови хемикалии за да се постигне посакуваниот резултат. Некои од овие хемикалии можат да предизвикаат испуштање на испарливи органски соединенија. Покрај тоа, петрохемикалиите кои се користат како растворувачи за мастилото исто така можат да допринесуваат за тоа.
Стари книги
Со тек на време, постепеното распаѓање на целулозата и лигнинот кои ги има во хартијата води кон создавање на голем број различни органски соединенија. Во десниот дел од инфографикот можете да ги видете и соединенијата.

Заклучок:
Ниту една посебна хемикалија не го создава карактеристичниот мирис на книгите, туку тоа е микс на испарливи хемикалии како производ на хемикалиите кои се користат во создавањето на книгите и плус резултат на постепеното распаѓање на хемикалиите во хартијата.
Погледнете го инфографикот:

