Уметност без граници: Фасади, скали, ѕидови, мурали инспирирани од книги!

Книгите дефинитивно заземаат огромен  и важен дел во животот на луѓето, посебно оние кои се вљубеници на пишаниот збор. Книгите можат толку многу да инспирираат и да влијаат на животот на читателите, па така некои се решаваат да ги овековечат засекогаш на своето тело преку тетоважи. Младите својата почит за книгите, писателите и литературата ја покажуваат и преку графити и улична уметност, а ги има и оние кои создаваат посебна уметност од самите книги.

За денешниот пост избрав креативни начини како луѓето изразуваат почит кон литературата. Истите доаѓаат во форма на уметност: боење фасади, ѕидови, скали, создавање прекрасни мурали на ѕидовите. На тој начин, домовите, зградите, улиците стануваат омаж за литературата, но и добиваат сосема посебна магија.
Погледнете ги сликите подолу, зарем не би сакале вашата зграда, гаража, некој ѕид од вашата куќа или скали да изгледаат вака?

1. Еве како решил некој љубител на книги да ги направи своите домашни скали поубави и поинтересни:

2. Некој се решил да направи некоја напуштена зграда во мало гратче во Русија да изгледа како уметност:

3. Една книжарница во САД на многу интересен начин решила да ја декорира продавницата и нејзината фасада.

4. Јавната библиотека во Канзас Сити, Канзас, САД

5. Библиотека во Полска

6. Книжарница во Брисел, Белгија

7. Јавна библиотека во Синсинати, САД

8. Ѕидот на една зграда во Шведска

9. Ѕидот на една зграда во Париз, Франција

10. Една библиотека во малечко гратче во Франција решила малку да го разубави својот изглед.

11. Фонтана во државната библиотека во Синсинати

12. Фасадата на една зграда во Амстердам, Холандија

13. Ѕидот на една зграда во Франкфурт, Германија

14. Дел од фасадата на една зграда во Сардинија

15. Напуштен објект во Санкт Петербург претворен во уметност

16. Прекрасен мурал во Полска, на улица каде се наоѓаат две книжарници.

17. Фасадата на библиотека во Лион, Франција

18. Гаражата на Државниот Универзитет во Портланд, Орегон

19. Скали во станбена зграда во САД

20. Орегон, САД

Мислам дека доволно беше за денес?
Доволно за да посакате да можете да се телепортирате до овие места, нели? 😀

Leave a comment