~ Цитат на денот ~

Денешниот цитат на денот е во чест на Џејн Остин која умира на денешен ден во 1817 година. Извадокот е цитат од „Гордост и предрасуди“, најпознатото и најсаканото дело на Џејн Остин. „Гордост и предрасуди“ е издадена во 1813 година и е убедливо најпродаваната песна од Џејн Остин и денес се смета за еден од најдобрите романи во англиската литература.

Приказната за Елизабет Бенет, господин Дарси и останатите ликови никогаш не губи од популарност. Постојано е инспирација за филмови, серии, нови книги базирани на нив. Најпознати екранизирани верзии се: мини серијата во продукција на ББС во која Колин Фирт многу убедливо го долови ликот на господин Дарси и филмот од 2005 година за кој Кеира Најтли доби и номинација за Оскар за нејзината изведба на Елизабет Бенет. Оваа година се очекува излегувањето на „Гордост и предрасуди и зомбија“, филм кој е апокалиптична верзија на оригиналната приказна.

11694835_521794131303383_1136175915133631683_n

Leave a comment