Писатели кои не можеле да ги поднесат филмските верзии на своите книги

Да се направи филм врз основа на книга никогаш не е лесна задача. Прво, критиките од обожавателите на книгата се секогаш присутни и тие често знаат да бидат сурови. Многу е тешко да се погоди вкусот на оние кои ја сакаат книгата која се претвора во филм. Сепак, има ситуации кога филмовите се навистина одлично прифатени од сите, но самите писатели протестираат и го искажуваат своето незадоволство. Погледнете 11 филмови направени според книги, за кои самите автори на книгите биле исклучително разочарани од крајниот производ.

1. „Американски психо“

american_psycho

Филмот кој го лансираше Кристијан Бејл во светот на ѕвездите, денес веќе има култен статус. Се смета за вистинско ремек-дело. Иако филмот и денес добива многу признанија, сепак авторот на книгата според која се сними филмот, Брет Истон Елис, не e баш задоволен и смета дека тој филм никогаш не требал да се сними.

Во една прилика тој изјави:

„„Американски психо“ е книга којашто мислам дека не требаше да биде претворена во филм. Мислам дека проблемот со „Американски психо“ е тоа што беше замислен како книга, како книжевно дело со недоверлив наратор кој е во центарот на случувањата. Филмот е медиум кој бара одговори. Во филм можете да бидете двосмислени колку сакате, но тоа не е важно – сепак ние го гледаме. Визуелно ги добиваме одговорите. Не мислам дека во „Американски психо“ е поинтересно ако знаете дали тој го направил тоа или дека сè се случува во неговата глава. Мислам дека одговорот на тоа прашање ја прави книгата помалку интересна.“

2. „Сјаење“

shining

Ова е една од најславните побуни на еден писател за тоа како е искористена неговата книга. Стивен Кинг толку лично и толку сериозно го сфати процесот и тоа како излезе филмот, што и ден денес не може да го прежали филмот. Иако денес „Сјаење“ се смета за ремек-дело и култен хорор филм, сепак Стивен Кинг останува на своето мислење. Иако смета дека Стенли Кјубрик визуелно одлично го направил филмот и дека е навистина талентиран режисер, сепак комплетно го промашил процесот на претворање на книгата во филм и дека филмот воопшто не е верен на книгата.

Според него: „Кјубрик едноставно не можеше да го сфати чистото и едноставно нечовечко зло на „Видиковец“. Наместо тоа, тој се сконцетрира на тоа да најде некое зло во ликовите и го претвори филмот во домашно насилство со по некоја натприродна сила. Ова беше најголемиот проблем, тој не веруваше и затоа не можеше да го направи филмот на начин на кој и другите ќе веруваат.“

Освен тоа, тој смета дека Џек Николсон направил Џек Торенс да изгледа луд уште од првата секунда кога се појавува на екранот, иако поентата е дека Џек бил писател со многу проблеми кои се труди да ги надмине, а хотелот го полудува. Како дополнителен аргумент, Стивен Кинг не можел да ја смисли изведбата и прикажувањето на Венди, жената на Џек, сметајќи дека е најшовинистички прикажан лик што тој некогаш го видел.

3. „Вили Вонка и фабриката за чоколади“ 

willy-wonka-and-the-chocolate-factory

Роалд Дал имал проблем со филмот уште од самиот почеток. Тој воопшто не го сакал режисерот Мел Стјуарт, тврдејќи дека човекот нема никаков талент и притоа ги мразел кичестите песни кои се појавуваат во филмот.

Но, тој најмногу се вознемирил околу човечињата Умпа Лумпа. Во неговата книга, овие луѓе се афрички Пигмеи, кои се експлоатирани и принудени да му служат на англискиот добротвор. Дал немал проблеми со ова, но Здружението за унапредување на положбата на Афро-американците не се согласувала со него, па затоа филмот ги портретирал овие луѓе како малечки, морничави, портокалови човечиња без раса. Сепак, подоцна се согласил со фактот дека ова било најдобар компромис за сите и со тоа се избегнале какви било шанси да се навреди афро-американската заедница.

Но, Дал повторно бил незадоволен, бидејќи продуцентите сакале да го направат Вонка главен лик и централна точка на приказната, што кулминирало со тоа да се промени името на филмот ( „Вили Вонка и фабриката за чоколади“, додека пак книгата се вика „Чарли и фабриката за чоколади“) за да се фокусира на Вили Вонка и со тоа да се привлечат останати производители на чоколади да го финансираат филмот. Потоа имал проблем со прикажувањето на ликот на Вонка и не му се допаѓало што Џин Вајлдер бил избран за тоа, сметајќи дека тој е арогантен и недоволно весел.

И покрај тоа што добил 300.000 долари, сепак јавно се откажал од филмот и активно се вклучил во промовирање на негативна кампања против него во неколку списанија и интервјуа. Иако филмот придонел за зголемување на продажбата на книгата, тој изјавил дека целото искуство го направило депресивен, а на тоа, многумина коментираат дека е чиста среќа што не доживеал да го види филмот на Тим Бартон.

4. „Мери Попинс“

Мјузиклот на Дизни направен врз основа на популарната „Мери Попинс“ се смета за еден од најдобрите детски мјузикли и мјузикл кој го одбележа детството на цела една генерација. Но, за писателката П.Л. Траверс ова било кошмар и шамар. Сите нејзини обиди за промени во сценариото биле отфрлени.

Покрај тоа, таа ги мразела сцените со анимации и сметала дека не треба да бидат таму. Сметала дека строгата нишка во карактерот на Мери Попинс речиси и воопшто не е прикажана. Дури и за малку немала да биде поканета на премиерата, но таа сама изнудила покана од Дизни. Таа постојано се жалела од нешто и на крај решила да не му дозволи на Дизни дури и да ги допре останатите нејзини дела.

5. „Форест Гамп”

p031gq03


Винстон Грум беше ужасно разочаран од начинот на кој Холивуд го третираше „Форест Гамп“, особено заради тоа што беа исфрлени делови од заплетот и голем дел од пцовките, вулгарностите и секс сцените беа избришани од сценариото.

Разочарувањето на Грум може да се забележи по тоа како ја започнува втората книга, односно продолжението на „Форест Гамп“. Првата реченица во книгата е: „Никогаш немој да дозволиш некој да направи филм од твојата животна приказна“, а потоа продолжува со: „Дали ќе бидат во право или не, не е важно.“ Додуша, навистина не може да му се земе за зло: Тој се тужеше со продукцијата заради тоа што според договорот му биле ветени 3% од профитот, но продуцентите не му ги дале тврдејќи дека кога ги одземале сите трошоци, не останал профит за давање. Како дополнителна навреда, Грум ниту еднаш не беше спомнат во говорите при добивањето на Оскарите, а филмот доби вкупно шест.

6. „Пеколен портокал“

1_clockworkintro

Ентони Бруџес не само што воопшто не го сакал филмот, туку зажалил што воопшто ја напишал книгата. Тој има изјавено:

„Книгата по којашто сум највеќе познат, односно книгата заради која воопшто сум познат, е книга од која сум подготвен да се одречам комплетно. Книга која е напишана за три недели, стана позната по сировиот материјал и основа за филм кој го слави сексот и насилството. Филмот направи читателите на книгата сосема да ја промашат поентата на книгата и тоа ќе ме прогонува до крајот на животот. Не требаше да ја напишам книгата, токму заради опасноста од погрешно толкување.“

7. „Пајажината на Климентина“

Анимираната верзија на „Хана-Барбера“ од 1973 година ќе остане запаметена како еден од најдобрите цртани кои не се во производство на Дизни. Како и да е, иако филмот беше најголема сензација за децата и голема радост за родителите и учителките во градинките, сепак авторот Е.Б.Вајт не го делеше ентузијамот со останатиот дел од светот и има изјавено дека целата работа била огромен кошмар кој повеќе би сакал да го заборави.

8. „Лет над кукавичјото гнездо“

И покрај фактот дека „Лет над кукавичјото гнездо“ ги зема сите најважни награди на Оскарите, меѓу кои за најдобар филм, режисер, актер, актерка и сценарио, писателот Кен Киси воопшто не бил импресиониран.

Тој најпрвин бил дел од тимот и имал задача да им помогне на продуцентите, но го напуштил проектот по две недели. Иако долго време тврдел дека го нема ни гледано филмот и дека е разочаран од големите промени, како и од фактот дека не го сакал Џек Николсон за улогата, сепак неговата жена има изјавено дека сепак му било драго што се направил филмот.

9. „Појадок кај Тифани“

Легендарната улога на Одри Хепберн во „Појадок кај Тифани“ е причината поради која таа стана толку славна. Дури и ако го немате гледано филмот, сепак сликите од Одри од филмот се насекаде и не можете да ги избегнете.

Сепак, не биле сите воодушевени од фактот што токму таа била избрана за улогата, особено Труман Капоти, човекот кој ја напиша книгата по која е снимен филмот. Толку се возбудил околу тоа, што кажал дека студиото го измамило на секој можен начин со тоа што Хепбурн била избрана за улогата. Иако Капоти ја сметал Хепбурн за една од најдрагите и најомилени личности кои ги познавал, сепак тој ја напишал книгата со одредена личност на ум, а тоа била Мерилин Монро. Истовремено, тој очекувал да ја игра главната машка улога наспроти Мерилин и покрај фактот што тој никогаш претходно не глумел никаде.

Фактот дека Капоти се чувствувал предадено заради ова, предизвикало Одри Хепбурн да се чувствува непријатно секогаш кога тој ќе се појавел на сетот. Дури и по нејзината смрт, тој тврдел дека едно од најголемите разочарувања во неговиот живот бил фактот дека таа глумела во филмот, велејќи: „Тоа беше филм со најлошо одбрани глумци. Ми доаѓаше да повратам.“

10. „О за Одмазда“

b000i186fw_vforvendetta_uxwb1._sx1080_

Алан Мур дефинитивно се откажа од филмските адаптации на неговите дела и не сака да има ништо со нив. Тој ги презираше браќата Хјуџес за тоа што направиле со неговото дело за Џек Мевосек, „Од пеколот“. Филмот на Стивен Норингтон, „Исклучителни џентлмени“ не беше баш добро прифатен.

„О за Одмазда“ генерално беше навистина сакан и добро прифатен, но токму тој филм беше причината Мур да му го сврти грбот на Холивуд. Режисерот и продуцентите ја отфрлија речиси целата сатира и шарм од оригиналната приказна и според Мур го претвориле филмот во „паралела на ерата на Буш“. Мур заповеда да му се тргне името од проектот и оттогаш не сака да добие признание за било која екранизација на неговите дела.

11. „Лолита“

Изгледа дека писателите и Стенли Кјубрик никако не можат да најдат заеднички јазик! Набоков беше вклучен во процесот на пишување на сценариото, но многу малку од тоа што го напишал било вклучено во крајната верзија на филмот. Иако добил и номинација за Оскар за неговите напори, сепак тој за филмот рекол дека најверојатно ќе излезе како „кривините од манијакално возење гледани од перспективата на пациент кој лежи во амбулантната кола“.

Leave a comment