„Гардијан“ ги избра 100-те најдобри книги напишани на англиски јазик!

Реномираниот британски весник „Гардијан“ е еден од највлијателните весници во Велика Британија, па и пошироко. „Гардијан“ посветува огромно внимание на книжевноста.

Во една своја статија, „Гардијан“ ги избра најдобрите 100 книги напишани на англиски јазик, а тоа го направи преку својот редовен дописник Роберт МекКрум, кој е исто така британски писател и во своето резиме има импресивни работни места како уредник во „Обзервер“ и главен уредник во издавачката куќа „Фабер и Фабер“ и од 1990 година е постојан дописник за „Гардијан“.

Во текот на овие две години, тој решил да создаде листа составена од најубавите и најдобрите 100 книги напишани на англиски јазик. Конечно по многу размислување и истражување, ја објави својата пресуда. Погледнете ги книгите кои се топ 100 во литературата на англиски јазик.

Распоредот е направен врз основа на годината на издавање. Погледнете го списокот.

1. Напредокот на Аџијата“ – Џон Бунијан (1678)
2. Робинсон Крусо“ – Даниел Дефо (1719)
3. Гуливеровите патувања“ – Џонатан Свифт (1726)
4. Клариса“ – Семјуел Ричардсон (1748)
5. „Том Џонс“ – Хенри Филдинг (1749)
6. „Животот и ставовите на господинот Тристрам Шанди“ – Лоренс Стерн (1759)
7. „Ема“ – Џејн Остин (1816)

8. „Франкенштајн“ – Мери Шели (1818)
9. „Кошмарот Аби“ – Томас Лав Пикок (1818)
10. „Авантурите на Артур Гордон Пим“ – Едгар Алан По (1838)
11. „Сибил“ – Бенџамин Дизраели (1845)
12. „Џејн Ер“ – Шарлот Бронте (1847)
13 „Оркански височини“ – Емили Бронте (1847)
14. „Панаѓур на суетата“ – Вилијам Текери (1848)
15. „Дејвид Коперфилд“ – Чарлс Дикенс (1850)

16. Скарлетното слово“ – Натаниел Хоторн (1850)
17. „Моби Дик“ – Херман Мелвил (1851)
18. „Алиса во Земјата на чудата“ – Луис Керол (1865)
19. „Месечевиот камен“ – Вилки Колин (1868)
20. „Малите жени“ – Луиза Меј Алкот (1868/9)
21. „Мидлмарч“ – Џорџ Елиот (1871/2)
22. „Какo што живееме сега“ – Ентони Тролоп (1875)
23. „Хаклбери Фин“ – Марк Твен (1884/5)
24. „Киднапиран“ – Роберт Луис Стивенсон (1886)

25. Тројца в чамец“ – Џером К Џером (1889)
26. „Знакот на четворицата“ – Артур Конан Дојл (1890)
27. „Сликата на Доријан Греј“ – Оскар Вајлд (1891)
28. „Улицата Њу Груб“ – Џорџ Гисинг (1891)
29. „Мрачниот Јуда“ – Томас Харди (1895)
30. „Црвениот симбол на храброста“ – Стивен Крејн (1895)
31. „Дракула“ – Брам Стокер (1897)
32. „Срцето на темнината“ – Џозеф Конрад (1899)
33. „Сестрата Кери“ – Теодор Дрејзер (1900)
34. „Ким“ – Радјард Киплинг (1901)
35. „Повикот на дивината“ – Џек Лондон (1903
)

36. „Златниот пехар“ – Хенри Џејмс (1904)
37. „Адријан Седми“ – Фредерик Ролф (1904)
38. „Ветрот на врбите“ – Кенет Грeам (1908)
39. „Историјата на господин Поли“ – Х.Г Велс (1910)
40. „Зулејка Добсон“ – Макс Бирбом (1911)
41. „Добриот војник“ – Форд Медокс Форд (1915)
42. „39-те чекори“ – Џон Бучан (1915)
43. „Виножитото“ – Дејвид Х. Лоренс (1915)
44. „За човечкото врзување“ – В. Сомерсет Мом (1915)
45. „Доба на невиност“ – Едит Вартон (1920)
46. „Улис“ – Џејмс Џојс (1922)

47. „Бабит“ – Синклер Луис (1922)
48. „Патување во Индија“ – Е.М.Форстер (1924)
49. „Мажите повеќе сакаат русокоси“ – Анита Лус (1925)
50. „Госпоѓа Даловеј“ – Вирџинија Вулф (1925)
51. „Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд (1925)
52. „Лоли Вилоус“ – Силвија Таунсенд Вернер (1926)

53. „Сонцето повторно изгрева“ – Ернест Хемингвеј (1926)
54. „Малтешкиот сокол“ – Дашиел Хамет (1929)
55. „Додека умирав“ – Вилијам Фокнер (1930)
56. „Храбар нов свет“ – Олдос Хаксли (1932)
57. „Фармата за ладна утеха“ – Стела Гибонс (1932)
58. „1919“ – Џон Дос Пасос (1932)
59.  „Раковиот напоредник“ – Хенри Милер (1934)

60. Новости“ – Евелин Во (1938)
61. Марфи“ – Семјуел Бекер (1939)
62. „Големата дремка“ – Рејмонд Чендлер (1939)
63. „Забавата е во тек“ – Хенри Грин (1939)
64. „Две птици пливаат“ – Флен О’Брајан (1939)
65. „Плодови на гневот“ – Џон Штајнбек (1939)
66. „Утринско уживање“ – П.Џ. Вудихаус (1946)
67. „Сите луѓе на кралот“ – Роберт Пен Ворен (1946)
68. „Под вулканот“ – Малком Лори (1947)
69. „Жештината на денот“ – Елизабет Боувен (1948)
70. „1984“ – Џорџ Орвел (1949)

71. „Крајот на една љубовна приказна“ – Греам Грин (1951)
72. „Игра во ‘ржта“ – Џ.Д Селинџер (1951)
73. „Авантурите на Оги Марч“ – Сол Белоу (1953)
74. „Господар на мувите“ – Вилијам Голдинг (1954)
75. „Лолита“ – Владимир Набоков (1955)
76. „На пат“ – Џек Керуак (1957)

77. Вос“ – Патрик Вајт (1957)
78. „Да се убие подбивната птица“ – Харпер Ли (1960)
79. „Најдобрите години на госпоѓица Џин Броди“ – Мјуриел Спарк (1960)
80. „Замка 22“ – Џозеф Хелер (1961)
81. „Златната тетратка“ – Дорис Лесинг (1962)
82. „Пеколен портокал“ – Ентони Бурџис (1962)
83. „Самец“ – Кристофер Ишервуд (1964)
84. „Ладнокрвно убиство“ – Труман Капоти (1966)
85. „Стакленото ѕвоно“ – Силвија Плат (1966)

86. „Жалбата на Портној“ – Филип Рот (1969)
87. „Госпоѓа Пејлфреј во Клермонт“ – Елизабет Тејлор (1971)
88. „Враќањето на Зајко“ – Џон Апдајк (1971)
89. „Песната на Соломон“ – Тони Морисон (1977)
90. „Кривина во реката“ – В.С Најпол (1979)
91. „Деца на полноќта“ – Салман Ружди (1981)

92. „Домаќинство“ – Мерлин Робинсон (1981)
93. „Пари“ – Мартин Ејмис (1984)
94. „Уметник во свет што лебди“ – Казуо Ишигуро (1986)
95. „Почетокот на пролетта“ – Пенелопе Фицџералд (1988)
96. „
Часови по дишење“ – Ен Тајлер (1988)
97. „Помеѓу жени“ – Џон МекГаерн (1990)
98. „Подземен свет“ – Дон ДеЛило (1997)
99. „Понижување“ – Џ.М. Кутци (1999)
100. „Вистинската приказна за Келиевата банда“ – Питер Кери (2000)

~~~~~~


Тука завршува листата. Колку од овие имате прочитано и дали би додале некоја книга во оваа листа?

Оригиналната статија можете да ја прочитате тука.

Leave a comment