Инфографик: Цитати од литературата кои ќе ве инспирираат!

Секому е потребна мала доза инспирација, а сите знаеме дека книгите и писателите секогаш наоѓаат начина да нѐ инспирираат.

Случајно најдов еден инфографик со 50 инспиративни мисли од книжевноста, па решив да го споделам со вас, бидејќи секој ден ни е потребна дневна доза инспирација, па овој инфографик нека биде вашата дневна доза! Инфографикот е на англиски јазик, но пред да го погледнете инфографикот, можете да ги видите мислите и преведени на македонски јазик.

Уживајте!

~ Љубов ~

~ „Животот нѐ научи дека љубовта не се состои во тоа да гледаме еден во друг, туку заедно да гледаме во истата насока.“ – „Ветер, песок и ѕвезди“, Антоан де Сент – Егзипери

~ „Ако треба да живееме илјада животи, би сакал да бидеш моја во секој еден од нив.“ – „Еволуцијата на Мара Дајер“, Мишел Ходкин

evelyn-denis_engagement-photo-shoot-in-pforzheim_30

~ „Од што и да се направени душите, мојата и неговата се исти.“ – „Оркански височини“, Емили Бронте

~ „Кој човек е сиромашен кога е сакан?“ – „Жена без значење“, Оскар Вајлд

~ „Сите денови се ноќи се додека не те видам тебе/А ноќите се јасни денови кога соновите ми те прикажуваат.“ – „Сонет 43“, Вилијам Шекспир

~ Минато ~

~ „…погрешно е тоа што го велат за минатото, еве и јас учев како да го закопам. Минатото секогаш наоѓа начин како да ископа излез.“ – „Ловец на змејови“, Халед Хосеини

~ „И така пловиме понатаму, како бродови наспроти струјата, непрестајно враќајќи се кон минатото.“ – „Големиот Гетсби“, Ф. Скот Фицџералд

~ „Сегашноста го менува минатото. Кога гледаш назад, не го наоѓаш она што си го оставил зад себе.“ – „Наследството на загубата“, Киран Десај

~ „Не можам да се вратам на вчера, затоа што тогаш бев друга личност.“ – „Алиса во Земјата на чудата“, Луис Керол

~ „Минатото е туѓа држава: таму ги прават работите на поинаков начин.“ – „Посредникот“, Л.П. Хартли

~ Среќа ~

~ „Среќа. Едноставна како чаша чоколадо или измачувачка како срцето. Горчлива. Слатка. Жива.“ – „Чоколадо“, Џоана Харис

~ „Ако повеќето од нас повеќе ја ценеа храната, среќата или песната, наместо златото, светот ќе беше многу повесел.“ – „Хобитот“, Џ. Р. Р. Толкин

~ „Среќата не е предмет кој треба да се освои. Таа е квалитет на мислата, состојба на умот.“ – „Ребека“, Дафне ду Мариер

pexels-photo-573238

~ „Среќниот живот не се состои од отсуството, туку од совладувањето на тешкотиите.“ – „Наједноставниот начин да бидеш среќен“, Хелен Келер

~ „Мислам дека не постојат граници за тоа колку можеме да направиме животот да изгледа дека е прекрасен.“ – „Се’ е просветлено“, Џонатан Сафран Фоер

~ Патување ~

~ „Целата поента на патувањето не е да стапнеш на туѓа земја, туку на крајот кога ќе стапнеш на твојата земја, да имаш чувство дека си стапнал на туѓа.“ – „Загатката на бршленот“, Џ. К. Честерстон

~ „Нашите измалтретирани куфери беа повторно насобрани на тротоарот. Имавме подолги патови за одење. Но, без разлика на сѐ: патот е живот.“ – „На пат“, Џек Керуак

~ „Патувањето е фатално за предрасудите, нетолерантноста и тесноградоста.“ – „Невиноста во странство или напредокот на новите аџии“, Марк Твен

adventure-1868817_1920

~ „Не постои странска земја; единствено тој што патува е странец.“ – „Измамниците од Силверадо“, Роберт Луис Стивенсон

~ „Да се разбудиш сам во чуден град, е една од најпријатните сензации на светот.“ – „Багдадски скици“, Фреја Старк

~ Знаење~

~ „Ниту еден крадец, без оглед на тоа колку е талентиран, не може на човека да му го украде знаењето и затоа знаењето е најдоброто и најсигурното богатство кое човек може да го поседува.“ – „Изгубената принцеза од Оз“, Л. Френк Баум

~ „Знаењето е моќ. Моќ да се прави зло…или моќ да се прави добро. Моќта сама по себе не е злобна. Па така и знаењето само по себе не e злобно.“ – „Предани“, Вероника Рот

~ „Знаењето, како и воздухот, е клучно за живот. Исто како и воздухот, никому не треба да биде одземено.“ – „О за одмазда“, Алан Мур

~ „Треба да запаметиш, пријателе, дека знаењето е посилно од помнењето, а ние не треба да му веруваме на послабиот.“ – „Дракула“, Брам Стокер

~ „Колку малку знаеме за работите кои треба да се знаат.“ – „За кого бијат камбаните“, Ернест Хемингвеј

~ Постоење ~

~ „Хари, нашите одлуки покажуваат кои сме, многу повеќе од нашите способности.“ – „Хари Потер и Одајата на тајните“, Џ. К. Роулинг

~ „Кога се стремиме да станеме подобри отколку што сме, сѐ околу нас исто така станува подобро.“ – „Алхемичарот“, Паоло Куељо

devushka_tsvety_schaste_priroda_pole_95343_3829x2556

~ „Нема ништо нечесно во тоа да ја изгубиш трката. Нечесно е тоа да не се натпреваруваш од страв дека ќе ја изгубиш трката.“ – „Уметноста на тркање на дождот“, Гарт Стајн

~ „Ако трагаш по совршенство, никогаш нема да бидеш задоволен.“ – „Ана Каренина, Лав Толстој

~ „Животот ми изгледа прекраток за да негувам нетрпеливост или за да запишувам грешки.“ – „Џејн Ер“, Шарлот Бронте

~ Пишување ~

~ „Не постои поголема агонија од тоа во себе да чуваш нераскажана приказна.“ – „Знам зошто птицата во кафез пее“, Маја Ангелоу

~ „Најголемиот непријател на креативноста е сомневањето во самиот себе.“ – „Необјавените дневници на Силвија Плат“, Силвија Плат

~ „Мораш да бидеш опиен од пишувањето, за да не те уништи реалноста.“ – „Зен во уметноста на пишувањето“, Реј Бредбери

~ „Зборовите можат да бидат како рентгентски зраци ако знаеш да ги употребуваш правилно. Тие можат да поминат низ сѐ. Читаш и продупчен си.“ – „Храбар нов свет“, Олдос Хаксли

~ „Ако пишувам, можам да избришам сѐ. Моите таги исчезнуваат, а мојата храброст повторно се раѓа.“ – „Дневникот на Ана Франк“, Ана Франк

~ Успех ~

~ „Ако се обидеш и не успееш, тогаш тоа не е твоја вина. Но, ако не се обидеш, а ние изгубиме, тогаш тоа е твоја вина.“ – „Играта на Ендер“, Орсон Скот Кард

~ „Дали ќе успееш? О да, секако, секако! Гарантирано со 98 и 3/4 проценти!“ – „О, местата на кои ќе одиш!“, Др. Сус

~ „За да бидеш успешен потребни ти се пријатели, а за да бидеш многу успешен потребни ти се многу непријатели.“ – „Другата страна на полноќта“, Сидни Шелдон

~ „На крајот на краиштата, успехот сака сведоци, но неуспехот не може да постои без сведок.“ – „Краткиот чудесен живот на Оскар Вао“, Џуно Дијаз

~ „На луѓето не им е потребна љубов. На луѓето им е потребен успех во една или друга форма.“ – „Фактотум“, Чарлс Буковски

~ Живот ~ 

~ „И така ти е тоа.“ – „Кланица 5“, Курт Вонегат

~ „Светот е тркало и на крај сѐ ќе заврши добро“, „Ендимион“, Бенџамин Дизраели

~ „Можеби не отидов таму каде што планирав да одам, но мислам дека завршив таму каде што требаше да завршам.“, „Долгото време за црн чај на душата“, Даглас Адамс

Funny family! Mother and her child daughter girl with a paper ac

~ „Некои бесконечности се поголеми од други бесконечности.“ – „Грешката во нашите ѕвезди“, Џон Грин

~ „Зафати се со живеење или подготви се за умирање.“ – „Различни времиња“, Стивен Кинг

~ Смеа ~

~ „На овој свет не постои ништо понеодоливо заразно од смеа и добар хумор.“ – „Божиќна приказна“, Чарлс Дикенс

~ „Земјата се смее во цвеќиња.“ – „Хаматреја“, Ралф Валдо Емерсон

~ „Животот вреди да се живее сѐ додека има смеа во него.“ – „Ен од Грин Гејблс“, Л.М. Монтгомери

~ „Смеата е отров за стравот.“ – „Игра на тронови“, Џорџ Р. Р. Мартин

~ „Смеј се сега, плачи подоцна.“ – „Тревата е секогаш позелена над септичниот тенк“, Ема Бомбек

Погледнете го и инфографикот:

Leave a comment