10 трилери кои не смеете да ги пропуштите оваа есен!

Летото полека се подготовува да си оди, а есента наскоро ќе почне да пристигнува. Со неа ќе пристигнат и новите трилери кои според критичарите не смеат да се пропуштат. Доколку сте љубител на овој жанр, погледнете ги насловите и спремете се за есента и возбудливите приказни кои следуваат!

1.  Девојката во пајаковата мрежа“ – Дејвид Лагеркранц 

Датум на издавање: 1 септември

Продолжението на популарниот и омилениот серијал на Стиг Ларсон, „Милениум“ ќе излезе на први септември. Одличен почеток на сезоната на трилери! Познатиот Дејвид Лагеркранц продолжува онаму каде што застана Ларсон и гарантирано оваа книга ќе биде вистински хит!

2. Танцот на коските“ – Џ.А. Џејнс

Датум на издавање: 8 септември

Двата најпознати ликови на Џејнс, Џ.П. Бемонт и Брендон Вокер ги здружуваат силите во оваа најнова книга на Џ.А. Џејнс. Вистинска мистерија и трилер и книга која ги има сите елементи за да не можете да ја испуштите од раце.

3. Обесената девојка“ – Јуси Адлер-Олсен

Датум на издавање: 8 септември 

Љубителите на скандинавската книжевност и скандинавските трилери ќе имаат богата сезона и избор за читање. Уште едно интересно и мистериозно дело на скандинавскиот автор, се работи за шестата книга од серијалот за Одделението Кју.

4. Натерај ме“ – Ли Чајлд

Датум на издавање: 8 септември

8 септември е очигледно одличен датум за излегување на крими книги и трилери. Инаку оваа книга е 20-тата книга од серијалот за Џек Ричер и ветува дека ќе биде и највозбудливата. Во оваа книга, Ричер оди во еден мал и мистериозен град и се плеткува во приказна која вклучува бегање и трчање низ целата држава!

5. Посветен во смртта“ – Џ.Д. Роб

Датум на издавање: 15 септември

Уште една книга која е всушност дел од серијал. Се работи за 41. (да, 41.) книга од серијалот за Ив Далас. Книгата почнува со убиство, во кое на жртвата се изгравирани мистериозни иницијали и Ив Далас целосно се посветува за да го расветли случајот.

6. Измамата“ – Џенет Иванович и Ли Голдберг

Датум на издавање: 15 септември

Џенет Иванович со причина е една од најпознатите писателки на трилери. Нејзиниот неверојатен талент за пишување и комплицираните заплети ги прават нејзините книги посебни. Ова е дел од нејзиниот популарен серијал за Фокс и О’Хејр, во кој криминален ум и агент на ФБИ работат заедно за да ги решат најтешките случаеви.

7. Куќата на убиството“ – Џејмс Патерсон 

Датум на издавање: 28 септември

Џејмс Патерсон е еден од најплатените писатели на светот во моментот и тоа со добра причина. Неговиот стил на пишување прави читателите да не можат да престанат да читаат и постојано да бараат уште. Во оваа книга, Патерсон заедно со ко-авторот Дејвид Елис, ја раскажува приказната за еден детектив кој се враќа во неговиот роден град за да истражува стар случај заради кој локалните жители  со години го избегнуваат местото на злосторството.

8. Теорија за смртта“ – Феј Келерман

Датум на издавање:  27 октомври

Поранешниот детектив на полицијата во Лос Анџелес, Питер Декер, сега живее во Њујорк, но сè уште не може да избега од напаста на криминалот. Во оваа мистерија, Декер се заплеткува во мрежа на криминал и измама која вклучува и академици и интелектуалци и шефови на мафии. Критичарите велат дека ова е книга која не смее да се пропушти.

9. Криминалниот брег„ – Даглас Престон и Линколн Чајлд

Датум на издавање: 10 ноември

Во 15. книга од серијалот за специјалниот агент Пендергаст, читателот влегува во приказната за едно мистериозно убиство во град во Масачусетс. Од најобичен случај, работите тргнуваат на многу полошо, а читателот нема да има срце да ја остави книгата!

10. „Зафркнатата 22“ – Џенет Иванович

Датум на издавање: 17 ноември

Џенет Иванович ќе има одлична есен ако им се верува на најавите, а заедно со неа и нејзините обожаватели. Како што погоре можете да видите, покрај „Измама“ која ја издава во соработка со Ли Голдберг, Џенет ќе издаде уште една книга на своја рака која е всушност 22. книга од нејзиниот најпознат серијал за Стефани Плум.

*овој текст е последно изменет на 25.08.2025, со цел да се додаде македонското издание на „Девојката во пајакова мрежа“, кое во меѓувреме излезе и на македонски јазик

Leave a comment