Не е лесна работа да се определат најпопуларните книги на сите времиња, но инфографикот кој можете да го видите подолу се обидува да даде одговор на тоа прашање.
Популарноста на книгата е определена преку три компоненти:
1. Број на преводи
2. Број на изданија
3. Број на продадени книги
Врз основа на овие пресметки, листата на најпопуларни книги изгледа вака: (редоследот е ист како и на инфографикот)
1. „Одисеја“ – Хомер ( 250+ преводи; 902 изданија, 45 милиони продадени книги)
2. Куранот (50 преводи; 398 изданија; 3+ милијарди испринтани примероци)
3. „Ромео и Јулија“ – Вилијам Шекспир (80 преводи, 902 изданија)
4. „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес (35 преводи, 963 изданија, 500 милиони продадени книги)


5. Библијата (66 преводи, 1193 изданија, 2.5+ испринтани примероци)
6. „Робинзон Крусо“ – Даниел Дефо (100 преводи, 1093 изданија, 9 милиони продадени книги)
7. „Сон во црвената одаја“ – Цао Сјуечин (1 превод, 83 изданија, 100 милиони продадени книги)
8. „Гордост и предрасуди“ – Џејн Остин (35 преводи, 1480 изданија, 20 милиони продадени книги)
9. „Приказна за два града“ – Чарлс Дикенс (35 преводи, 889 изданија, 200 милиони продадени книги)
10. Бајките на Ханс Кристијан Андерсен (153 преводи, 111 изданија, 20 милиони продадени книги)
11. „20 милји под морето“ – Жил Верн (147 преводи, 711 изданија, 60 милиони продадени книги)
12. „Алиса во Земјата на чудата“ – Луис Керол (97 преводи, 1513 изданија, 100 милиони продадени книги)
13. „Хаклбери Фин“ – Марк Твен (65 преводи, 705 изданија, 20 милиони продадени книги)
14. „Таа: Историја на една авантура“ – Х.Рајдер Хагард (44 преводи, 129 изданија, 83 милиони продадени книги)
15. „Авантурите на Шерлок Холмс“ – Артур Конан Дојл (60 преводи, 590 изданија, 60 милиони продадени книги)
16. „Големиот Гетсби“ – Ф. Скот Фицџералд (44 преводи, 608 изданија, 25 милиони продадени книги)

17. „Одвеано од виорот“ – Маргарет Мичел (32 преводи, 210 изданија, 30 милиони продадени книги)
18. „Дракула“ – Брам Стокер (50 преводи, 1054 изданија, 12 милиони продадени книги)
19. „И не остана ниту еден“ – Агата Кристи (103 преводи, 265 изданија, 100 милиони продадени книги)
20. „Малиот принц“ – Антоан де Сент – Егзипери (250 преводи, 545 изданија, 140 милиони продадени книги)
21. „Хобитот“ – Џ. Р. Р. Толкин (40 преводи, 614 изданија,100 милиони продадени книги)
22. „Лавот, вештерката и плакарот“ – К. С. Луис (47 преводи, 319 изданија, 85 милиони продадени книги)
23. „Ловец во ‘ржта“ – Џ. Д. Селинџер (35 преводи, 234 изданија, 65 милион продадени книги)
24. „1984“ – Џорџ Орвел (65 преводи, 443 изданија, 25 милиони продадени книги)
25. „Господар на прстените“ – Џ. Р. Р. Толкин (39 преводи, 368 изданија, 150 милиони продадени книги)
26. „Да се убие птицата подбивница“ – Харпер Ли (40 преводи, 213 изданија, 30 милиони продадени книги)
27. „Брдото Вотершип“ – Ричард Адамс (19 преводи, 122 изданија, 50 милиони продадени книги)
28. „Цитати од претседателот Мао“ – Мао Це Тунг (20 преводи, 34 изданија, 800 милиони продадени книги)
29. „Ептен гладната гасеница“ – Ерик Карли (45 преводи, 95 изданија, 30 милиони продадени книги)
30. Серијалот „Хари Потер“ – Џ. К. Роулинг (67 преводи, 298 изданија, 450 милиони продадени книги)
31. Трилогијата „Милениум“ – Стиг Ларсон (30 преводи, 215 изданија, 50 милиони продадени книги)
32. „Кодот на Да Винчи“ – Ден Браун (44 преводи, 73 изданија, 80 милиони продадени книги)
Тука завршува листата, а подолу погледнете го креативниот и интересен инфографик.

