5 книги за магични семејства!

Серијалот за Хари Потер со сигурност е едно од книжевните дела во кои се наоѓаат најпознатите магични фамилии. Има навистина многу примери за магични семејства во книжевноста, затоа што во книжевноста сè е возможно.

Погледнете ги овие пет книги што зборуваат за пет магични семејства. Доколку сте љубители на фантазија, духови и магија, можеби токму овие книги се за вас!

1. Куќа на духови“ – Изабел Аљенде

Оваа книга е напишана од внуката на Салвадор Аљенде, поранешен претседател на Чиле (1970-1973) и раскажува за животите на неколку генерации од фамилиите Труеба и дел Вале. Започнува со предците кои оформиле семејство, кое започнува оскудно и скромно, но децении подоцна ќе се издигне во вистинска политичка сила. Аљенде го опишува и целиот правец по кој се движела чилеанската историја, а тоа го прави преку движењето на ликовите, претставувајќи ја деструкцијата на колонијалните општества во конфликтната социо-економска сфера која постојано се менува со огромна брзина.

Луѓето од фамилијата дел Вале имаат нешто магично во својата крв. Ова е најочигледно кај ликот на Клара дел Вале, која може да ја предвиди иднината, има визии и е во допир со различни лица од духовниот свет. Нејзиното присуство, човечко и поврзано со другите преку човечкиот дух, е сосема спротивно на нејзиниот сопруг, чии политички уверувања речиси ќе го уништеле неговото семејство на истиот начин на кој тие политички уверувања се заканувале да ја уништат целата држава.

2. Чудните и убави таги на Ава Лавендер“ – Лесли Валтон

Млада, будалеста и опасна љубов е главната тема на оваа книга, којашто опфаќа и неколку генерации на фамилијата Роукс. Во оваа книга, главниот лик Ава е родена со крилја и над неа лебди одговорноста да се открие и да дознае повеќе за себеси. Исто така мора да открие како да се вклопи во свет кој не прифаќа чудни работи и како да се заштити од оние кои сакаат да ја уништат.

3. Мало, големо“ – Џон Кроули

Модерна фантазија која ја следи историјата на семејството Дринквотер и нивната врска со светот на самовилите со кој се тие многу поврзани. Оваа приказна, како толку многу други приказни за магични семејства, е фокусирана и на ексцентричната семејна куќа во еден мал рурален град кој се вика Еџвуд и се движи низ генерациите на семејствто Дринкватер, а истовремено покажува дека светот на самовилите е загрозен. Семејството Дринкватер ќе мора да донесе сериозни одлуки кои можат да ги загрозат и нивните животи.

4. Љубена“ – Тони Морисон

Најпознатата книга на Морисон истовремено е и нејзината најмагична книга. Иако многумина ја редуцираат на книга од типот на „приказна за духови“, сепак Морисон доловува многу повеќе од тоа. „Љубена“ е приказна за духот на една ќерка убиена од робинка којашто побегнала, која не сакала нејзината ќерка да биде повторно робинка доколку нејзиниот господар повторно ја најде. Книга која благодарение на своите описи ќе ве наежи до последното влакно на телото.

5. Веројатната иднина“ – Алис Хофман


Семејството Спероу со генерации живеело во Њу Ингланд. Жените од семејството Спероу секогаш имале паранормални моќи. Следејќи ја најмладата генерација во форма на Стела Спероу, писателката ни открива што точно ја прогонува оваа фамилија, спојувајќи три генерации на жени од оваа фамилија. Тие ќе треба да ја спасат Стела од потенцијалното уништување кои можат да го предизвикаат нејзините моќи, но и да го спасат целото семејство од уништување.

One comment

Leave a comment