Неколку интересни факти за Агата Кристи!

Агата Кристи е најпопуларнa писателкa на крими-романи. Таа се родила на 15 септември 1890 година. Во нејзина чест, Goodreads одвои неколку интересни и малку познати факти за неа.

1. Кога имала 26 години работела со отрови

Агата Кристи била медицинска сестра за време на Првата светска војна. По завршување на војната се вработила како помошничка во аптека и на тој начин имала пристап до голем број отрови. Во една прилика има изјавено: „Со оглед на тоа дека постојано бев опкружена со отрови, некако природно ми беше да пишувам убиства со труење во моите книги.

2. Најдобро размислувала кога јадела јаболка и пиела чај – во нејзината бања

За жал, морала да се откаже од оваа навика, бидејќи сметала дека модерните бањи се многу лизгави и немало каде да ги става пенкалата и хартиите.

3. Таа е една од првите Британци што научиле да сурфаат

За време на нејзиниот одмор во Хаваи, таа научила да сурфа. Има изјавено: „Станав дури и експертка или барем експертка од гледна точка на личност од Европа – моментот на целосен триумф го почувствував на денот кога го одржав балансот и дојдов до заливот во целосна исправена положба“.

4. За време на Втората светска војна била испитувана од МИ5

Нејзината книга „Н или М“ ја загрижила британската служба за разунавање заради ликот во книгата, мајор Блечли, кој тврдел дека поседува критични воени тајни. Тие мислеле дека Кристи навистина раскажувала за вистинска личност и тоа за нејзиниот пријател Дили Нокс, кој пробивал кодови во паркот Блечли. Таа тврдела дека тоа поклопување е чиста случајност. Таа им рекла: „Блечли? Драги, јас бев заглавена таму додека патував од Оксфорд за Лондон и затоа решив да направам мала одмазда со тоа што мојот најнеомилен лик ќе го крстам по тој парк.“ На крај МИ5 се откажале од истрагата.

5. Мразела пудинг од мармалад

Толку многу го мразела што дури едно од убиствата во нејзините книги е преку пудинг од мармалад. Иако убиството е преку отров, сепак отровот бил во пудингот.

6. Кога била најпопуларна, велела дека е „машина за колбаси“

Во времето на нејзината најголема слава, кога издавала две книги годишно, велела: „Јас сум машина за колбаси, совршена машина за колбаси“.

7. Пораснала со уверувањето дека мајка ѝ е јасновидец

Таа тврдела дека имала многу среќно детство, можеби ова имало некоја врска со тоа. 🙂

8. 11 дена се водела ко исчезната

На 3 декември 1926 година, ја испратила ќерка си на спиење, влегла во автомобил и цели 11 дена никој не ја видел. 15.000 волонтери ја барале, но без успех. Токму во времето кога почнале да се шират обвинувања дека нешто се случило и нејзиниот сопруг има некоја врска со тоа, била пронајдена во хотел во Херогејт, Англија. Никогаш не дала причина за тоа зошто исчезнала.

missing_7

9. Покрај тоа што била одлична авторка на крими-романи, била и талентирана за пишување љубовни романи

Напишала шест љубовни романи под псевдонимот Вестмакот, заедно со книгата „Незавршен портрет“ за писателка која се обидува да се убие откако ѝ пропаѓа бракот.

10. Има продадено повеќе книги отколку што има луѓе во Кина и САД 

Има продадено 2 милијарди книги што се преведени на 103 јазици и со тоа е на врвот на листата на најпродавани писатели на сите времиња.

Leave a comment