Писателите бараат инспирација на најразлични места. Понекогаш, тоа се другите дела на нивните колеги. Често писателите се решаваат да ги засноваат своите книги на основа на други книги како знак на почит кон одреден писател.
Погледнете кои популарни книги се засновани врз други книги!
1. „Дневникот на Бриџит Џонс“ – Хелен Филдинг

Популарниот бестселер кој беше инспирација за уште попопуларниот филм во кој главните улоги ги играат Рене Зелвегер, Колин Фирт и Хју Грант, е заснован на еден од најпознатите класици на сите времиња, „Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин. „Бриџит Џонс“ е модерна верзија на една од најомилените љубовни приказни на сите времиња, каде Бриџит е Елизабет Бенет, Даниел е Џорџ Викам, а Марк Дарси е г-дин Дарси, омилениот лик на жените ширум светот.
2. „Темната граѓа“ – Филип Пулман

Оваа исклучително познатата фантастична трилогија е заснована на популарниот класик на Џон Милтон, „Загубениот рај“. Дури и самото име на трилогијата е извадено директно од „Загубениот рај“, т.е од поема во книгата која го опишува пропаѓањето на човекот. Онаму каде Милтон зборува за јаболкото, Пулман ја користи „Прашината“, малку нејасно име кое е дадено на она за кое Магистериумот верува дека е одговорно за претворањето на детската невиност во возрасната мудрост. Сепак, Пулман ги гледа знаењето и мудроста како нешто природно кое треба да биде славено.
3. „Часови“ – Мајкл Канингам

(извор на сликата: Absurd Reviews)
Оваа книга добитничка на Пулицеровата награда е заснована врз најпознатото дело на Вирџинија Вулф, „Госпоѓа Даловеј“. Тоа е најочигледно во делот од книгата кој се фокусира на Клариса Воган, која исто како госпоѓа Даловеј, купува цвеќиња и организира забава, иако во сосема различен свет од оној на Вирџинија Вулф. Книгата вклучува и поглавја во кои Вулф ја пишува книгата и поглавја во кои една жена ја чита книгата во 1949 година додека организира роденденска забава за нејзиниот сопруг.
4. „Храбар нов свет“ – Олдос Хаксли

Оваа феноменална дистописка книга која проектира замислено општество од иднината, е инспирирана од една од драмите на Вилијам Шекспир, „Бура“. Романот го добил името од една реченица од драмата. Исто како и во драмата на Шекспир, насловот е ироничен, зборувајќи за свет кој воопшто не е храбар. Џон, кој е третиран како дијвак исто како и Калибан, е навистина добар човек. Тој само се соочува со општество кое ги заробува луѓето и не остава простор за критичка мисла.
5. „Улис“ – Џејмс Џојс

Џејмс Џојс ја пронашол инспирацијата за своето најпознато дело токму во „Одисеја“ на Хомер. Дури и името е всушност само латинска верзија на зборот „Одисеја“. Сепак, со оглед на маестралниот начин на пишување на Џојс, навистина човек треба да се потруди за да ги најде паралелите.
