Стив Џобс е еден од најпознатите претприемачи во светот. Ко-основач и директор на Епл, револуционер во модерната технологија. Тој беше директор на Епл сè до 2011 година, кога поднесе оставка од здравствени причини. Тој се бореше со рак на панкреас и за жал не успеа да ја добие таа битка и почина на 5 октомври 2011 година.

Како еден од најуспешните луѓе во светот на технологијата, бизнисот и претприемништвото, неговиот лик и дело предизвикуваат огромен интерес.
Денешната објава е посветена на неговите омилени книги кои влијаеле на неговиот ум и го оформиле како личност.
Прочитајте ја листата:
1. „1984“ – Џорџ Орвел

За што се работи: Очајната борба на еден човек против државниот апарат кој ги контролира сите аспекти од човековиот живот, дури и неговите мисли.
Интересен факт: Книгата била инспирација за познатата реклама на Епл, „1984“, која се прикажувала на „Супер Боул“ и која била првична најава за Мекинтош.
Цитат: „Оној кој го контролира минатото, ја контролира иднината. Оној кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото.”
2. „Рамнодушниот Атлас“ – Ејн Ранд

За што се работи: Ова е приказна за еден човек кој рече дека ќе го сопре моторот на светот и успеа во тоа. Уништување или ослободување?
Интересен факт: Еден од последните филмови кои Стив Џобс ги гледал е токму филмот заснован на книгата, „Рамнодушниот Атлас“ (прв дел).
Цитат:

3. „Автобиографијата на еден Јогин“ – Парамханса Јогананда

За што се работи: Преку опишување на својот живот и животни искуства, се обидува да ги опише законите позади обичните настани и чудата.
Интересен факт: Ова е единствената книга која е пронајдена на личниот iPad 2 на Стив Џобс.
Цитат: „Можеш да контролираш луд слон,
Можеш да ги затнеш устите на мечката и тигарот;
Да јаваш на лавот и да си играш со кобрата;
Со алхемијата можеш да ја научиш долговечноста;
Можеш инкогнито да луташ низ универзумот;
Да направиш слуги од боговите; да бидеш дури и млад;
Можеш да одиш по вода и да живееш во оган;
Но, да го контролираш умот е подобро и потешко од сето ова.“
4. „Биди тука сега“ – Баба Рам Дас

За што се работи: Книгата зборува за духовните транформации на писателот преку јогата.
Интересен факт: Стив Џобс има изјавено дека оваа книга го инспирирала да ја проба халуциогената дрога ЛСД.
Цитат: „Емоциите се како бранови. Гледај како се губат во далечината на пространиот голем океан.“
5. „Минувајќи низ духовниот материјализам“ – Чогјам Трунгпа

За што се работи: Оваа книга се спротиставува на прифатеното мислење дека духовноста е вид на себеподобрување и вели дека наместо тоа таа треба да се гледа како ослободување кое доаѓа од отфрлање на егото.
Интересен факт: Се претпоставува дека оваа книга го навела Џобс да верува дека е реинкарниран.
Цитат: „Имаме солидна плочва за да одгледуваме што било, можеме да посадиме што сакаме.“
6. „Диета за мала планета“ – Франсес Мур Лапе

За што се работи: Правила за здрава исхрана, заедно со рецепти со јадења богати со протеини кои не вклучуваат месо.
Интересен факт: Стив Џобс решил да стане вегетеријанец откако ја прочитал книгава.
Цитат: „Луѓето насекаде во светот создаваат канта од надеж. И нашите капки во неа се многу важни.“
7. „Внатре во торнадото“ – Џефри А. Мур

За што се работи: Продолжението на книгата „Бркајќи ја бездната“ ни зборува за најдобрите начини на кои производителите можат да допрат до купувачите.
Интересен факт: Начинот на објавување на производите на Епл е многу близок до теоријата на Мур.
Цитат: „Како дел од пазарот, нашето однесување не се менува: Се движиме како стадо, мелеме, мелеме и се движиме наоколу и потоа одеднаш започнуваме стампедо.“
8. „Моби Дик“ – Херман Мелвил

За што се работи: Книгата ја опишува желбата на капетанот Ахаб да се одмазди на Моби Дик, албино китот кој на едно претходно патување му го уништил бродот и му ја одгризал ногата.
Интересен факт: Во книгата, анти-херојот, капетанот Ахаб манијачки се труди да ја оствари својата цел да го убие китот. Сите ја прават споредбата со решеноста на Џобс да ја надмудри и да биде подобар во иновација и бизнис од целата технолошка индустрија.
Цитат: „Не знам што сè ќе се случи, но што и да биде, јас ќе го правам тоа со смеење.“
9. „Само параноичните преживуваат“ – Ендру С. Грув

За што се работи: Се смета за една од најдобрите книги од еден претседател на компанија, кој ги опишува своите неуспеси исто како што ги опишува успесите.
Интересен факт: Епл е единствената компјутерската компанија која успешно мигрирала од еден операциски систем во комплетно различен операциски систем.
Цитат: „Тажната вест е дека никој не ти должи кариера. Твојата кариера е буквално твоја работа. Ти ја поседуваш. Имаш еден вработен: себеси. Ти се натпреваруваш со милиони кои се во сличниот бизнис: милиони други вработени насекаде во светот. Треба да го прифатиш поседувањето на твојата кариера, твоите вештини и темпирањето на твоите потези. Твоја е одговорноста да ја заштитиш оваа твоја работа од штета и да се позиционираш на начин од кој ќе имаш придобивки од промената на околината. Никој друг не може да го направи тоа за тебе.“
10. „Дилемата на иноваторот“ – Клејтон Кристенсен

За што се работи: Оваа книга ја претставува идејата дека технологијата повеќе не се развива постепено и наместо тоа во процесот се случуваат одредени „нарушувања“ кои одат во прилог на мали и вешти компании и организации.
Интересен факт: Во 2014 година, Кристенсен верувал дека продуктите на Џобс, како iPad и iPhone, се „доволно зрели за „нарушување““.
Цитат: „Нарушените технологии обично овозможуваат појава на нови пазари.“
11. „Тао на програмирањето“ – Џефри Џејмс

За што се работи: Оваа книга е збирка на параболи за компјутерското програмирање засновани на принципите на Таоизмот.
Интересен факт: Кога се запознал со писателот, Џобс лично му рекол дека книгата е одлична.
Цитат: „Еден менаџер отишол кај главниот програмер и му ги покажал побарувањата за нова апликација. Менаџерот рекол: „Колку време ќе биде потребно да се дизајнира овој систем ако ангажирам пет програмери да го направат?
Главниот програмер му одговорил: „За една година ќе биде направен.“
„Но, нам ни е потребен овој систем итно! Колку време ќе треба ако ангажирам десет програмери?“
Главниот програмер се намуртил и рекол: „Во тој случај ќе бидат потребни две години.“
„А што ако ангажирам 100 програмери за тоа?“
Главниот програмер ги собрал рамената и рекол: „Тогаш дизајнот нема никогаш да биде завршен.“
12. „Умот на Зен, умот на почетникот“ – Шунрју Сузуки

За што се работи: Оваа книга ги дава основите на Зенот и Зен медитацијата, вклучувајќи ги и методите кои самиот Џобс ги користел кога се соочувал со стресни ситуации на работа.
Интересен факт: Зен Будизмот не бил популарен во САД и многу малку луѓе имале слушнато за него. Стив Џобс е еден од луѓето кои го популаризирале.
Цитат: „Иако се обидувате да ги ставите луѓето под контрола, тоа е невозможно. Не можете да го направите тоа. Најдобриот начин да ги контролирате луѓето е да ги охрабрувате да бидат палави. Тогаш тие ќе бидат во контрола во една поширока смисла на зборот.
Да им дадете пространа ливада на вашите овци или крави е начин да ги контролирате. Така е и со луѓето. Прво оставете ги да го прават тоа што го сакаат и набљудувајте ги. Ова е најдобриот начин. Не е добро да ги игнорирате. Уште полошо е да се обидете да ги контролирате. Најдобар начин е да ги набљудувате, едноставно да ги набљудувате без да се обидувате да ги контролирате.“
