Писателите многу често пишуваат под псевдоними. Голем дел од нив се познати токму и по псевдонимите под кои пишувале, додека пак нивните вистински имиња не се толку познати на читателската публика. Но, има и обратни ситуации кога писатели и писателки кои ги знаеме токму по нивните вистински имиња и презимиња пишувале и издавале книги под псевдоними.
Погледнете ја листата:
1. Џ. К. Роулинг како Роберт Галбрајт

По неверојатниот успех на серијалот „Хари Потер“, Роулинг ја објави крими-книгата „Повикот на кукавицата“, под машкиот псевдоним Роберт Галбрајт. Оттогаш, Галбрајт има објавено уште една книга, а третата книга „Зла кариера“ ќе биде објавена во октомври.
2. Стивен Кинг како Ричард Бахман
Стивен Кинг, кралот на хорор романите, кој напиша дела како „Сјаење“ и „Кери“, има објавено прилично голем број книги под псевдонимот Ричард Бахман. Кинг го присвоил овој псевдоним уште во 1977 година. Причината за ова е тоа што Стивен Кинг сакал да издава по две книги годишно, но неговиот издавач му рекол дека може да објавува само една книга годишно. Ричард Бахман бил начин како да го заобиколи ова правило и Стивен Кинг под овој псевдоним издадал четири книги пред јавноста во 1985 година да дознае дека Ричард Бахман е Стивен Кинг. Оттогаш има издадено само две книги под овој псевдоним.
3. Агата Кристи како Мери Вестмакот

Агата Кристи е едно од најзвучните имиња кога се работи за крими-романите. Има издадено 66 книги и 14 збирки со раскази. Покрај оваа импозатна бројка стојат и шестте книги што ги има издадено под псевдонимот Мери Вестмакот. Се работи за шест љубовни романи и иако ова не е вообичаениот и препознатлив жанр за Агата Кристи, сепак критичарите се едногласни во ставот дека станува збор за исклучително квалитетни приказни.
4. Џојс Карол Оутс како Розамунд Смит

Легендарната писателка често била напаѓана дека нејзините дела се објавуваат заради нејзината репутација, а не заради квалитетот. Ова водело кон тоа Оутс да го создаде псевдонимот Розамунд Смит. Таа успеала како Розамунд Смит да ги продаде правата за издавање на книгата „Животите на близнаците“ во 1986 година, но ја разоткриле пред уште пред да излезе книгата од печат. Дури и нејзиниот издавач не знаел дека се работи за истата личност. Тогаш се заколнала дека никогаш нема да користи псевдоним, иако оттогаш има издадено седум книги како Розамунд Смит и три како Лорен Кели.
