Книжарницата „ТРИ“ со роденденски попусти прославува 10 години постоење!

На 5 октомври 2005 година, книжарницата „ТРИ“ ја започна својата успешна приказна која оваа година одбележува 10 години постоење.

Книжарницата „ТРИ“ со години нуди квалитетни изданија и книги кои ги задоволуваат различните читателски вкусови.

Бидејќи 10 години се навистина убава бројка која само го потврдува квалитетот на книги кои „ТРИ“ го нуди на своите читатели, оваа недела со цел да се одбежи и прослави јубилејот, книжарницата „ТРИ“ нуди роденденски попусти на своите изданија. Како што е најавено на нивниот официјален настан на Фејсбук, најавуваат и многу изненадувања, подароци и добра забава!

Љубители на книги, не смеете оваа недела да го пропуштите овој настан. Блогот „Кафе и книги“ им посакува уште многу успешни години и уште многу убави и квалитетни четива кои ќе го задоволуваат читателскиот апетит!

Leave a comment