Која книга е совршена за вас врз основа на хороскопскиот знак?

Иако можеби велите дека не верувате во хороскоп, признајте дека сепак одвреме-навреме кликнувате на вашиот хороскопски знак за да прочитате што вели. Хороскопот е еден вид на забава, кој треба да нè замисли, да нè насмее и секако да започне дебата за тоа кој е најдобар знак. Секако во таа дебата секогаш секој си го брани сопствениот хороскопски знак.

Денес нема да прочитате кој е најдобар знак, ниту пак што ќе ви се случи денес, но ќе дознаете која книга треба да ја прочитате и која книга треба да биде вашето следно четиво. Секако, станува збор за забава, но можеби навистина ќе пронајдете нова омилена книга или ќе се инспирирате да прочитате нова книга, макар и да е „наменета“ и „препорачана“ за друг хорскопски знак.

Нека почне забавата!

Овен 

Препорака: „Пазарот на големата железница“ од Пол Теро

~ „Сѐ може да се случи додека патувате со воз: добро јадење, пиење, посета од картаџии, интргии, добар сон и монолози на странци кои се обликувани како руски кратки раскази.“ ~

Овните се големи авантуристи кои многу ја ценат искреноста и луѓе кои се директни. Затоа оваа книга ќе биде одлично четиво за сите оние кои се родени во знакот на Овен. Пол Теро ја прикажува неговата одисеја со воз која го носи од Лондон до Токио и назад, додека поминува низ Иран, Виетнам и Сибир.

Бик 

Препорака: „Дивиот свет“ – Ричард Форд 

~ „Твојот живот не е составен од тоа што ги имаш или добиваш, туку од она од кое си подготвен да се откажеш.“ ~

Биковите немаат преголем круг на пријатели, но се премногу лојални на кругот на пријатели кој го имаат. Тие се подготвени да направат сѐ за семејството и луѓето кои ги сакаат, па затоа и оваа приказна е совршена за Биковите. Во „Дивиот свет“, 16-годишниот наратор на приказната е премногу посветен на неговото дисфункционално семејство. Неговата посветеност оди до точка до која тој е подготвен да ја жртвува и својата среќа.

Близнаци 

Сонцето повторно изгрева“ – Ернест Хемингвеј

~ „Не можам да ја поднесам мислата дека мојот живот се движи толку брзо, а јас не го живеам вистински.“ ~

Близнаците се познати по тоа што се енергични, речити, но и немирни, секогаш желни за повеќе. Прекрасната леди Ешли е главната хероина во оваа книга на Хемингвеј и е типичен претставник на Близнаците. Целата оваа книга ќе биде навистина прекрасно искуство за Близнаците.

Рак 

Препорака: „Малите жени“ – Луиза Меј Алкот

~ „Не се плашам од бури, затоа што учам како да го навигирам својот брод.“ ~

Ракот е заштитнички настроен, посветен на семејството и многу грижлив и емотивен. Но, Ракот е полн со контрадикторности и знае да биде непредвидлив. За  овој знак нема подобра книга од „Малите жени“, вистински класик во кој Џо Марч ја учи највредната лекција дека можеби највозбудливото место кадe човек може да биде е неговиот дом.

Лав 

Препорака: „Пленот на Појнтон“ – Хенри Џејмс

~ „Никогаш не е дозволено човек да биде изненаден од отстапувањата на будалите.“

Лавот е самоуверен и амбициозен, човек кој знае како да ги охрабри другите и е многу верен, а тоа е причината поради која се одлични партнери и пријатели. Тоа трае сè додека нешто не застане помеѓу него и предметот на интерес. Тогаш почнува драмата! Затоа оваа книга е одлична за нив. Се работи за една тврдоглава вдовица која одбива да го предаде својот имот на нејзиниот син и неговата свршеница и постојано прави сплетки за да ги раздели.

Девица 

Препорака: „Превртен свет“ – Кристофер Прист

~ „Ми изгледа дека системот работи на основа на поттиснување на знаењето. Не гледам како тоа може да постигне нешто. Тоа ме прави многу незадоволен и сигурен сум дека не сум сам во ова.“ ~

Нараторот во оваа дистописка драма мисли дека го сфаќа светот во кој живее, но наскоро дознава дека ништо не е така како што изгледа. Таков е случајот со сите луѓе кои се обидуваат да ги сфатат Девиците, креативни и прецизни луѓе кои живеат во свој свет и сакаат да ги чуваат своите тајни заклучени во својот ум.

Вага

Препорака: „Ромео и Јулија“ – Вилијам Шекспир

Зарем треба зборови за да се даде вовед на една од најголемите љубовни приказни на сите времиња? Оваа книга одлично ќе им легне на Вагите, затоа што со нив владее Венера и заради тоа се многу романтични и сензуални души. Покрај тоа се совршени естети, а за еден естет може ли да биде нешто поубаво од класична приказна на Шекспир?

Скорпија

Препорака: „Антигона“ – Софокле

~ „Оди си ако мораш, но запомни дека без разлика колку и да ти се будалести делата, тие што те сакаат, ќе те сакаат и покрај тоа.“ ~

Животот на Скорпиите многу наликува на грчка драма со оглед на тоа дека тие одат во екстреми и се интензивни, страствени и се водат според своите нагони. Многу често ги ставаат своите чувства пред здравиот разум. Тие се силни индивидуалци и затоа многу ќе се поврзат  со Антигона која само сака да го закопа својот брат, дури и по цена да биде фатена и убиена.

Стрелец

Препорака: „Кандид“ – Волтер

~ „Стопати сакав да се убијам себеси, но некако сè уште сум заљубена во животот.“ ~

Стрелците се вистинска дефиниција за оптимизам, имаат добра смисла за хумор и за нив секој ден е нов ден за истражување на емоциите и надминување на истите. Менторот на Кандид е постојано позитивен и покрај сите катастрофи кои му се случуваат.

 Јарец

Препорака: „Предностите на еден молец“ – Стивен Чбоски

Јарецот е нежен, тивок и трпелив и се грижи за неговите пријатели и семејство. Не сакате да разочарате никого, па затоа работите кон остварување на вашите цели на најпрактичен начин. Јарците многу ќе го сакаат Чарли, главниот лик во оваа прекрасна приказна за растењето и животот.

Водолија

Препорака: „Срцето и тупаницата“ – Ерик Грејтенс

~ „Не е доволно да се бориме за подобар свет, мораме и да живееме животи за кои вреди да се бориш.“ ~

Независната, неконвенционална и паметна Водолија ќе го сака овој мемоар на Ерик Грејтенс. Грејтенс бил хуманитарен работник кој станал дел од SEAL, елитната воена единица во војската на САД.  Тој одбил многу привлечни работи за да работи со бегалци и деца погодени од војни, а воедно е основач на организација која им помага на воените ветерани да се вратат назад во реалноста.

Риби

Препорака: „Временска машина“ – Х.Џ. Велс

~ „Не постои интелигенција таму каде што не постои потреба за промена.“ ~

Рибите живеат во два света: реален и мистичен. Затоа и тие се тип на луѓе кои често сакаат да бегаат. За нив, овој научно-фантастичен класик, за свет во кој постојат два типа на луѓе: глупави и злобни, е совршена книга во која ќе се пронајдат.

Leave a comment