Што сакал да чита Ф. Скот Фицџералд?

Ф.Скот Фицџералд е еден од најпопуларните и најславните американски писатели. Неговото дело „Големиот Гетсби“ е вистински класик кој инспирирал многу филмови и е дел од популарната култура. Неговиот опис на ерата на џезот се смета за многу силен и автентичен приказ на тоа време.

gettyimages-517324220-1024x820

За него е познато дека бил алкохоличар, клетва која зафаќа голем дел од писателите. Неговиот алкохолизам многу влијаел на уништувањето на неговото здравје. Во 1936 година, додека се опоравувал во еден хотел во Северна Каролина, тој ѝ дал една листа за читање на медицинската сестра Дороти Ричардсон и ја замолил да му ги донесе тие книги.

Главната задача на медицинската сестра Дороти била да не му дозволува да пие толку многу. Фицџералд бил многу пријателски настроен човек и тој со тек на време се спријател со Дороти и се обидел да ја воведе во светот на литературата со тоа што ѝ ја дал неговата листа за читање, пробувајќи да ја навлече на овие дела кои биле негови омилени.

Погледнете ја листата на Фицџералд и најдете си го вашето следно четиво. Колку од овие книги сте ги прочитале и дали вашиот вкус се поклопува со тој на еден од највлијателните американски писатели?

1. Сестрата Кери“ – Теодор Дрејзер

 2. Животот на Исус“ – Ернест Ренан

3. Куќата на куклата“ – Хенрик Ибсен

4. Вајнсбург, Охајо“ – Шервуд Андерсон

5. Приказните на старите жени“ – Арнолд Бенет

6. Малтешкиот сокол“ – Дашиел Хамет

7. „Црвено и црно“ – Стендал

5_31_7_11__15__12_2014tsrveno-i-tsrno-1

8. Раскази“ – Ги де Мопасан

515_50_2_12__11__4_2014gi-de-mopasan-raskazi

9. Преглед на абнормалната психологија“ – Гарднер Марфи

10. Раскази“ – Антон Чехов

11.Најдобрите американски хумористични раскази“ – Роберт Н. Линскот

12. Победа“ – Џозеф Конрад

13. Револтот на ангелите“ – Анатол Франс

14. Драмите на Оскар Вајлд“ – Оскар Вајлд

15. Прибежиште“ – Вилијам Фокнер

16. Јужен ветар“ – Норман Даглас

17. Прием во градината“ – Кетрин Менсфилд 

18. Војна и мир“ – Лав Толстој

19. „Комплетни поетски дела“ од Џон Китс и Перси Б. Шели

20. „Во Свановиот крај“ – Марсел Пруст (Од „Во потрага по изгубеното време“)

21. „Во сенка на девојките во цветот“ – Марсел Пруст (Од „Во потрага по изгубеното време“)

22. „Околу Германтови“ – Марсел Пруст (Од „Потрага по загубеното време“) 

Leave a comment